Проект за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток


Цел:
развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси  и другите и ориентација во просторот.

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение Услугата може да се користи од страна на 2000 деца во текот на летниот распуст  и 1000 деца во текот на зимскиот распуст.

Услугата за бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар  за социјална работа до одмаралиштето/хотелот и обратно ќе биде  организиран. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација. 

Постигнати резултати: Со проектот од 2012 година до сега се опфатени вкупно 11.000 деца.