Центри

Центар за социјална работа

Надлежности на центрите за социјална работа

Центрите за социјална работа, во однос на делокругот на работа влегуваат во рамките на секторот за социјална заштита при Министерството за труд и социјална работа. Согласно законската регулатива, центарот за социјална работи функционира како стручна установа со јавни овластувања заради вршење работи од социјалната заштита.

Повеќе

Контакти со центрите за социјална работа

Контакти со подрачните одделенија на центрите за социјална работа

Установи


Установи за социјална заштита

За остварување на системот на социјалната заштита се основаат јавни и приватни установи за социјална заштита. 

Институционалната заштита ја вршат:

  • установа за сместување на доенчиња и мали деца без родители и без родителска грижа до три годишна возраст;
  • установа за  сместување на деца без родители и без родителска грижа над тригодишна возраст и на младинци;
  • установа за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми;
  • установа за сместување на деца и младинци со нарушено поведение;
  • установа за сместување на деца и младинци со умерени и тешки пречки во менталниот  развој;
  • установа за сместување на деца и младинци со пречки во телесниот развој;
  • установа за сместување на стари лица;
  • установа за сместување на возрасни лица  со телесна попреченост;
  • установа за сместување на лица  со пречки во менталниот  развој и
  • установа за сместување на лица баратели на право на азил.

Завод

Завод за социјални дејности

Директор: Татјана Ристова Димова
Тел: 02/ 3 230 401
02/ 3 165 943

Заводот за социјални дејности е стручна и развојна установа во рамките на системот на социјалната заштита, чии активности се одредени со Законот за социјална заштита. Основан е во 1961 година, од страна на Собранието на Република Македонија, под име Републички Завод за социјални прашања. Денес, оваа институција функционира под името Завод за социјални дејности.

Повеќе

Извештај за работата на ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје во 2011 година