Сите огласи за активните мерки можете да ги најдете на следниов линк:
https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
Повици/огласи/конкурси 2025
Објавено на 5.6.2025 година
Повик за изразување интерес за спроведување анализа за нестандардни форми на вработување и работа на платформи во Северна Македонија
За потребите на активностите поврзани за понатамошно развивање на нацрт законски решенија и правна рамка за задолжително пријавување во системот за социјално осигурување на лица кои работат на дигитални платформи, фриленсери и хонорарци кои не се опфатени со националниот систем на задолжително социјално осигурување, Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) и Канцеларијата на Меѓународната организација на труд (МОТ) објавуваат повик за изразување интерес за спроведување анализа за нестандардни форми на вработување и работа на платформи во Северна Македонија.
Заинтересираните субјекти (правни и физички лица) треба да достават понуди согласно Повикот за изразување на интерес за експертиза.
Заинтересираните субјекти (правни и физички лица) за соработка со МОТ во горенаведената област на експертиза, се замолуваат да достават понуда до 13 јуни 2025 година, петок, на следната електронска адреса: simjanoska@ilo.org.