Билатерална соработка

Министерството за труд и социјална политика редовно склучува и остварува договори за билатерална соработка со министерства од други земји, задолжени за прашањата од сферата на трудот и социјалната политика.

Така, во досегашниот период Министерството за труд и социјална политика има склучено договори за билатерална соработка со Министерството за труд и социјална политика на Бугарија, со ГИП Интернационал (Министерство за труд, општествени односи, семејство, солидарност и урбано живеење) Република Франција и Министерството за труд, семејство и социјални прашања на Република Словенија. Министерството за труд, семејство и социјални прашања на Република Словенија, Министерството за труд и социјални прашања и семејство на Република Словачка, Федералната јавна служба за труд, вработување и социјален дијалог на Кралството Белгија и Министерството за труд и социјална сигурност на Република Турција.

Повеќе
Активности во рамките на билатералните соработки

Потпишана нова Програма за билатерална соработка со Франција

По долгогодишна успешна соработка, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и GIP International (Министерство за труд, вработување, професионална обука и социјален дијалог) на Република Франција склучија нова, односно шестта по ред Програма за билатерална соработка за периодот 2015-2016 година.

Програмата има за цел, пред сe, да  се даде стратешка поддршка на  Република Македонија за европска интеграција со цел  да ги достигне европските стандарди во областите, вработување и безбедност и здравје при работа.

Стратешката поддршка во областа на вработувањето ќе се концетрира на зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија и тоа преку проширување на знаењата околу утврдувањето на ситуацијата на барателите на работа и начините на нивно придружување, размена на искуства со француските јавни служби за спроведувањето и евалуацијата на активни програми и мерки за вработување и размена на искуства за методот за вработување преку симулација.

Во областа безбедност и здравје при работа, поддршката ќе се концетрира на зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд на Република Македонија и тоа преку поддршка на развојот на методологијата за интервенција и контрола на работното место во областа на превенција од хемиски ризици и поддршка за развивање и ефективна имплементација на Системот за управување со безбедност и здравје при работа.

Потпишан Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Македонија и Турција

Денеска, (5.9.2013 година), во Анкара, Република Турција, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за труд и социјална сигурност на Република Турција, Фарук Челик потпишаа Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето.

Повеќе