Права за заштита на децата 

Законот за заштита на децата го уредува системот и организацијата на обезбедување заштита на децата.

Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика.

Заштитата на децата се остварува со обезбедување услови и ниво на животен  стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата. Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата.

Заштитата на децата  се остварува преку обезбедување на определени права и облици за заштита на децата.

Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.

Повеќе

Детско одморалиште

Дејноста одмор и рекреација се обезбедува и остварува во јавно и приватно детско одморалиште. Општинско детско одморалиште и детско одморалиште на градот Скопје основа општината и градот Скопје.Советот на општината и советот на градот Скопје донесува одлука за основање на јавно детско одморалиште, по претходно прибавено мислење од Министерството. Државно детско одморалиште основа Владата на предлог на Министерството. Средствата за основање и работа на детското одморалиште ги обезбедува основачот.

Јавно детско одморалиште се основа од страна на советот на општината и советот на градот Скопје и Владата, со одлука за основање на јавно детско одморалиште по претходно прибавено мислење од Министерството односно на предлог на Министерството за јавна детска градинка основана од Владата.

Повеќе