Основни информации за Европската социјална повелба

Европска социјална повелба

Европската социјална повелба на Советот на Европа претставува суштинско дополнение на Европската конвенција за човекови права со која се гарантираат граѓанските и политичките човекови права. Повелбата ги гарантира социјалните и економски човекови права. Таа беше усвоена во 1961 и ревидирана во 1996. Европската социјална повелба е договор за кого земјите потписнички свечено меѓународно се обврзуваат дека ќе го почитуваат во моментот на неговото ратификување.

Повелбата ги гарантира следните права: домување, здравство, образование, вработување, правна и социјална помош и заштита, движења на лица и недискриминација.

Повеќе
Документи