ИПА II

ИПА II Акциска програма 2017, Акција 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018. Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции. Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Цел 

Целта на акцијата е да се намали стапката на невработеност, да се зголеми учеството на пазарот на трудот, особено на младите и жените, да се зголеми пристапот до квалитетно образование и обука, да се подобрат вештините и да се модернизира системот на социјална заштита.

Финансиска рамка

Вкупната вредност на Акцијата 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“  е 25,150 мил. евра, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 23,7 мил. евра.

Резултати, проекти и начин на имплементација

Акцијата „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“ се спроведува преку проекти (активности) кои треба да придонесат кон постигнување на четири резултати во областите образование, вработување и пазар на труд, социјална заштита и социјално вклучување.

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука се носители (корисници) на проектите. Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ преку два договорни органи: договорен орган за проектите од областа на образованието и вработувањето е Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии, додека договорен орган за проектите од областа на социјалната заштита е Делегацијата на ЕУ.

Во продолжение е даден преглед на проектите на Министерството за труд и социјална политика што се финансираат преку оваа акција, групирани според резултати и договорен орган:

Резултат 1: Зајакнување на управувањето, политиките и статистиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ 

Договорен орган: Делегација на ЕУ

Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на креирањето на политиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ (проектите се во подготовка)

Зајакнување на социјалниот дијалог (проектот се спроведува од јануари 2019

Резултат 2: Правичен пристап до квалитетно инклузивно образование 

Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и згрижување (во тек е постапката за јавна набавка)

Изградба на градинки во две општини (проектите се во подготовка)

Резултат 3: Подобрена можност за вработување и пристап до пазарот на труд и пристојна работа Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Активација на ранливите групи на пазарот на трудот (во тек е постапката за доделување на директен грант на Агенцијата за вработување на РСМ)

Подобрување на условите за работа (во тек е постапката за јавна набавка)

Резултат 4: Подобрен квалитет и достапност на социјалните услуги

Договорен орган: Делегација на ЕУ 

Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на услугите на социјална заштита (проектот се спроведува од мај 2019)

Поддршка на процесот на деинституционализација во социјалниот сектор (во тек е повикот за доделување грантови)

Поддршка на социјалното претприемништво (проектите се во подготовка)

Олеснување на социјалното вклучување на Ромите (во тек е постапката за доделување на грантови)

Документи

Акција „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Годишен извештај за имплементација на Годишната акциска програма за Република Северна Македонија за ИПА 2017 и за останатите ИПА програми 

Поврзани институции

Секретаријат за европски прашања

Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори

Министерство за образование и наука

Делегација на ЕУ

ИПА I

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2007-2013, компонента IV „Развој на човечките ресурси“

Компонента IV од Инструментот за претпристапна помош е финансиска поддршка од Европската унија за периодот 2007 – 2013 во областите вработување и социјално вклучување. За периодот 2007-2013 година, вкупниот буџет за оваа компонента изнесува околу 64 милиони евра. 85% од овој износ е учество на Европската унијата, а остатокот се средства од Буџетот на Република Македонија.

Компонентата IV на Инструментот за претпристапна помош се спроведува преку повеќегодишната Оперативна  програма "Развој на човечките ресурси". Оперативната програма поддржува поголем број проекти во три приоритетни области: вработување, образование и обука и социјално вклучување. Проектите се разликуваат по својата природа, цел и големина. Дел од проектите директно им помагаат на младите, долгорочно невработените лица, жените и припадниците од немнозинските етнички групи на територијата на целата земја да стекнат вештини и да се вклучат на пазарот на трудот. Се имплементираат и проекти со кои се подобруваат вештините и начинот на работа на вработените во државните институции и јавни установи заради подобро опслужување на корисниците.

Оперативната програма "Развој на човечките ресурси 2007-2013" беше подготвена од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука во соработка со релевантните агенции и институции, вклучувајќи ги и социјалните партнери и невладините организации.

Програмата се имплементира од Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии (http://cfcd.finance.gov.mk) и одделенијата за ИПА во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, кои се задолжени за подготовка и следење на програмата и проектите.

 

Ревидирана оперативна програма за ИПА компонентата "Развој на човечките ресурси 2007-2013 (2012-2013)"

****За повеќе информации по однос на проектите финансирани преку Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4), посетете ја следната веб-страница: http://ophrd.gov.mk/en/home/