Организациска структура на Министерството за труд и социјална политика

 

Сектори:
  • Сектор за внатрешна ревизија,
  • Сектор за управување со човечки ресурси,
  • Сектор за стратешко планирање,
  • Сектор за финансиски прашања,
  • Сектор за правни и нормативни, општи и заеднички работи,
  • Сектор за координација и техничка помош на министерот,
  • Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка,
  • Сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување,
  • Сектор за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа,
  • Сектор за пензиско и инвалидско осигурување,
  • Сектор за еднакви можности,
  • Сектор за социјална заштита,
  • Сектор за децентрализација и развој на услуги од социјална заштита на локално ниво,
  • Сектор за заштита на деца и
  • Сектор за испекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата.
Министерството за труд и социјална политика има:
  • Државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформи за јавната администрација;
  • Државен советник за  финансиските менаџмент;
  • Државен советник за правни работи;
  • Државен советник за координација и развој  на демографски политики;
  • Државен советник за европски интеграции и меѓународна соработка; 
  • Државен советник за креирање и развој на политики од областа на трудовото право и политики за вработување;
  • Државен советник за креирање и развој на прекршочни политики од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа;
  • Државен советник за креирање и развој на политики од областа на пензиското и инвалидското осигурување;
  • Државен советник за креирање и развој на политики од областа на социјалната заштита (2 извршители);
  • Државен советник за  еднакви можности (2 извршители);
  • Државен советник за креирање и развој на политики од област на човекови права и координација и техничка поддршка на имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите
  • Државен советник за креирање и развој на политики од областа на заштита на децата (2 извршители) и
  • Државен советник за развој и унапредување на испекциските политики во социјалната заштита.
Согласно со Законот за организација на органите на државната управа, орган во состав на Министерството за труд и социјална политика е:
  • Управата за прашања на борците и воените инвалиди