План за вклучување на засегнатите страни (ПВЗС)

Опис на проектот                   

Од декември 2019 година, откако беа  дијагностицирани првите случаи во Вухан, во провинцијата Хубеи во Кина, избувнувањето на заразата од коронавирусот (Ковид-19) предизвикана од новиот коронавирус од 2019 година (SARS-CoV-2) брзо се рашири низ целиот свет. Од почетокот на март 2020 година, бројот на евидентирани случаи вон границите на Кина се зголеми за тринаесет пати, при што, бројот на зафатени земји се зголеми за трипати. Како резултат на брзото ширење на коронавирусот низ целиот свет, на 11.03.2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија. Заклучно со 10.04.2020 година, избувнувањето на заразата резултираше со околу 1.687.857 евидентирани случаи, од кои,  102.198 беа со смртни последици во 210 земји

Повеќе

ПЛАН  ЗА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЖИВОТНАТА  СРЕДИНА  И  СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАШАЊА (ППЖССП)

Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Заемокорисникот) ќе го спроведе Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 (во натамошниот текст: Проектот), вклучувајќи ги следниве Министерства/агенции/единици: Министерството за здравство (МЗ) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Меѓународната банка за обнова и развој (во натамошниот текст: Банката) се согласи да обезбеди финансиска поддршка за реализирање на овој Проект. Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->