Совет за следење на состојбите во пензискиот систем 

Основна функција на Советот е врз основа на претходно подготвени анализи од релевантни институции да разгледува прашања поврзани со одржливоста на пензискиот систем, анализа на резултатите од досегашната имплементација на реформата, подобрување на состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување, да предлага мерки за oбезбедување на одржливост на пензискиот систем на долг рок, преку следење на финансиската одржливост на првиот пензиски столб, утврдување на потребата од ревидирање на критериумите за осигуреници коишто треба да останата само во првиот пензиски столб, прилагодување на пресметката на пензијата и усогласувањето на пензиите, воведување на нови можности за инвестирање на средствата од втор и трет столб преку воведување на повеќе видови инвестициони портфолија усогласени според ризикот на инвестирање.

Советот ќе се состанува еднаш месечно, по потреба и почесто, а со него ќе заседава и претседава министерот за труд и социјална политика.  

Согласно со Одлуката за формирање на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем (Сл.Весник на РМ, бр. 76/2017), Советот се состои од претседател и осум члена, и тоа: 

а) претседател - Мила Царовска, министер за труд и социјална политика. 

б) членови: 

  • проф. д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, 
  • проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори,
  • м-р Крешник Бектеши, министер за економија,
  • Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции,
  • д-р Булент Дервиши, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,
  • Шаип Зенели, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија,
  • Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и
  • Давор Вукадиновиќ, генерален директор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Врз основа на заклучоците на Советот ќе се подготвуваат информации и предлог измени на закони кои ќе се достават на разгледување до други институции, Економско социјален совет и Влада на Република Македонија. 

Советот работи врз основа на Деловник. 

Деловник за работа на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем