Проверка на примената на стручното знаење

Комисијата за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст ги информира сите директори, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели заинтересирани за стекнување на соодветна лиценца, дека теоретски /практичниот дел од испитот ќе се одржи на 27.09.2018 година.

Доколку некој од кандидатите не е во можност да присуствува на полагањето, Ве молиме да се јавите на тел: 02/3 106 659,

или преку e-mail:SVlaho@mtsp.gov.mk ,  MMurtezani@mtsp.gov.mk


Полагањето ќе се одржи во просториите на компјутерскиот  центар на Правен факултет при УКИМ-Скопје на Бул. Гоце Делчев бр.9Б 1000 Скопје. 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Обука за директори во установи за деца

Комисијата за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст ги информира сите кандидати за директори, дека  обуката за директори ќе се одржи со почеток од 09,00 часот на 10.05.2018 година (четврток) и 11.05.2018 година (петок).

Обуката ќе се одржи во просториите на Министерството за труд и социјална политика. IV кат (сала).

Повеќе

Jавен повик за обука на директори во установи за деца

Министерството за труд и социјална политика  ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на обука за директори на установи за деца како и заинтересираните лица за стекнување на лиценца за директор на установа за деца, да поднесат пријава за посетување обука.

Јавен повик МКД

Пријава

Министерството за труд и социјална политика  ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на обука за директори на установи за деца како и заинтересираните лица за стекнување на лиценца за директор на установа за деца, да поднесат пријава за посетување обука
Стручна литература и прашања за полагање на испит
Законски и подзаконски акти од областа на заштита на децата

  • Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Сл.весник на РМ, бр.28/2014)
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Сл.весник на РМ, бр.136/14)
  • Правилник за изменување на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Сл.Весник на РМ, бр. 40/2014)

  • Правилник за начинот на водењето на евиденцијата, како и содржината и формата на евиденцијата во установа за деца (Сл.весник на РМ, бр.88/2013)
  • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и Центар за ран детски развој (Сл.весник на РМ, бр.87/2013)
  • Правилник за индикаторите за вреднување на успехот на планираните активности од развојниот план на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст (Сл.весник на РМ, бр.87/2013)
  • Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот на вршење на одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст како професионална дејност на физички лица (Службен весник на РМ, бр.62/2013) 
  • Правилник за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, начинот на спроведување на обуките, како и за формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Службен весник на РМ, бр.62/2013)
  • Правилник за начинот на работа и обезбедување на услови за остварување на педагошко-методска практика на студентите од соодветните студии за предучилишно воспитание и други соодветни факултети во јавните установи за деца (Службен весник на РМ, бр.61/2013)
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, начинот на спроведување на обуките, како и за формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл.весник на РМ, бр.175/18) 
  • СТРИМИНГ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

    КАМЕРА 1

    КАМЕРА 2

    Jавен повик за проверка на примена на стручното знаење на директори, стручни работници/стручни соработници, воспитувачи и негуватели во установи за деца

    Jавен повик за проверка на примена на стручното знаење на директори, стручни работници/стручни соработници, воспитувачи и негуватели во установи за деца

    Се информираат заинтересираните лица за стекнување на лиценца за работа на директори, стручни работници/стручни соработници, воспитувачи и негователи во установи за деца, ќе можат да поднесат барање за проверка на примена на стручното знаење за стекнување на соодветна лиценца за следната испитна сесија. 

    За датумот, местото и времето на проверката на примена на стручното знаење, заинтересираните лица за стекнување на лиценца за работа од соодветната област, ќе бидат дополнително информирани, преку објава на web страната Министерството за труд и социјална политика–банер на Комисијата за лиценцирање.

    Барањето со комплетната документација се доставува во архивата на Министерство за труд и социјална политика ул. Даме Груев бр.14-Скопје или по пошта со препорачана пратка со назнака „До Комисија за лиценцирање“.

    Збирка на прашања за проверка на стручни знаења
    Програма за работа на Комисијата
    Програма за работа
    Кодекс
    Трошковник

    Контакт со Комисијата за лиценцирање

    Комисија за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

     

    Одговорно лице: Стојна Влахо

    e-mail:SVlaho@mtsp.gov.mk 

    тел:02/3 106 659

     

    Лице за контакт: Мирајет Муртезани

    MMurtezani@mtsp.gov.mk

     

    EAjeti@mtsp.gov.mk