Линија за помош и психосоцијална поддршка на родители, деца и млади

Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители. 

Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 09:00 часот до 19:00 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->