Работна дозвола за странец 

Улогата на Министерството за труд и социјална политика во постапките за добивање на работни дозволи

Согласно со одредбите од Законот за вработување и работа на странци, Министерството за труд и социјална политика е второстепен орган во постапките за стекнување на соодветен тип на работна дозвола за странец. Лицата кои не се задоволни од првостепеното решение донесено од Агенцијата за вработување на Република Македонија по однос на поднесеното барање за стекнување на работна дозвола, можат во рок од осум дена од денот на приемот на решението да поднесат жалба до Министерството за труд и социјална политика, кое во рок од 15 дена од денот на поднесување на жалбата треба да донесе решение. 

Законски акти

Подзаконски акти

Корисни линкови