30.8.2015

Нова градинка во Горно Лисииче, ќе се згрижат 100 деца

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски на заедничка прес-конференција ја најавија изградбата на новата градинка во Општина Аеродром. 

Повеќе

29.8.2015

Нова градинка во Моноспитово, ќе бидат згрижени 40 деца

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за труд и социјлана политика Диме Спасов во село Моноспитово, Општина Босилово, ја пуштија во употреба првата градинка за деца од претшколска возраст, проект за кој Владата и Општината заедно имаат издвоено 5,5 милиони денари.

Повеќе

28.8.2015

Камен темелник на дневен центар во Македонска Каменица

Министерот за труд и социјална политика на покана на градоначалникот Дарко Митевски денес ја посети Општина Македонска Каменица по повод големиот државен празник Пресвета Богородица и Ден на Општина Македонска Каменица. Во дворот на детската градинка Бамби беше поставен камен темелник на дневен центaр за деца со пречки во развојот. Спасов изрази  задоволство што на овој голем празник се започнува еден проект што е во интерес на најранливата категорија на дечиња со посебни потреби тука во Македонска Каменица. 

Повеќе

27.8.2015

Продолжува реконструкцијата на пензионерските домови

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов изврши увид во градежни активности за реконструкција за подобрување на условите за живеење на пензионерите во Пензионерскиот дом во Автокоманда коишто се во тек. Истовремено, тој најави дека покрај во овој, планирани се и дел започнати реконструкции и на други пензионерски домови во Македонија.

Повеќе

26.8.2015

Државата ќе ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

Владата го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кој овозможува поволност за работодавачот, односно да има можност за време додека има работник на породилно отсуство, да вработи друго лице коешто ќе работи за периодот додека трае породилното отсуство на работникот кој го заменува и притоа за тој период да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Повеќе

25.8.2015

Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека продолжува  проектот за условен паричен надоместок за учениците од средно образование коишто потекнуваат од семејства  приматели на социјална парична помош и е  што е дел од програмата на Владата. 

Повеќе

18.8.2015

Отворен центар за ран детски развој во Куманово

Дејноста за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст покрај тоа што се врши во јавните и приватните уставови за деца, детски градинки, се врши и во јавните и приватните центри за ран детски развој. Токму денес во Куманово, министерот за труд и социјална политика,  Диме Спасов, присуствуваше на отворањето на приватниот центар за ран детски развој “Балтазар” во Куманово.

Повеќе
18.8.2015

Можност за остварување на старосна пензија за земјоделците

 Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на прес конференција информираше дека Владата на Република Македонија на својата последна седница  ги  усвоила  измените  на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. 

 

Повеќе

17.8.2015

Нови помагала  за слепите лица     

Слепите лица во Македонија од Министерството за труд и социјална политика добија нови помагала-говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни топломери и часовници, часовници на брајово писмо кои треба да им го олеснат секојдневниот живот.

Повеќе

13.8.2015
Со проектот “Македонија вработува”  досега ангажирани 4535 лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и градоначалникот на Општина Вландово, Николче Чурлиновски, ја посетија приватната компанија “Дока Tекстил“ од Валандово, како успешен пример на компанија која ги има искористено поволностите на проектот „Македонија вработува”.

 

Повеќе