26.8.2018

Царовска: До крајот на годината ќе отвориме 24 нови градинки, згрижуваме деца во руралните места, воспитувачите добиваат повисока плата

До крајот на годината Министерството за труд и социјална политика планира да отвори вкупно 24 нови градинки низ Македонија со буџет кој изнесува 41,6 милиони денари и е за 44% поголем од парите искористени за истата намена лани. 11 од објектите се веќе отворени и имаат капацитет за над 600 деца кој е речиси пополнет, а обезбедени се и 86 вработувања. Останатите 13 градинки е планирано да профункционираат до крајот на 2018 година, со вкупен капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања. Ова го рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната прес конференција во Владата.

Повеќе

24.8.2108

Во велешко Караслари отворена градинка за 40 деца, обебзедуваме  поголеми плати за вработените и услови за подобар раст и развој на децата

Министрите за труд и социјална политика и за финасии, Мила Царовска и Драган Тевдовски  заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, денеска ја отворија првата градинка во велешкото село Караслари. Објектот „Пинокио“ е со капацитет за 40 деца, а од буџетот за негово опремување се издвоени околу 850 илјади денари.

21.8.2108

Царовска: Зрновци доби градинка за 60 деца, државата инвестираше 1,4 милиони денари во детска заштита во рурална општина

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ја посети новоотворената градинка во Општина Зрновци, кочанско. За опремување на градинката „Бисерчиња“ која има капацитет за 60 деца, Министерството за труд и социјална политика издвои над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди општината.

Повеќе

19.8.2108

Младите успешно се вработуваат, оперативниот план се реализираше за шест месеци со буџет двојно поголем од 2016 година

Десетина мерки и програми од оперативниот план за вработување се речиси 100 процентно реализирани, заклучно со минатата недела. Пилот програмата Младинска гаранција, пак се покажа како исклучително ефикасна. Постојано се зголемуваат и парите наменети за оперативниот план. Годинава буџетот за вработување е за 100 милиони денари поголем од лани и изнесува 987,5 милиони денари, односно е речиси двојно поголем од 2016 година кога за истата намена претходната власт издвои 552,6 милиони денари.

Повеќе

13.8.2018

Средба на заменикот министер Бајрактар со делегација од Република Турција

Во работна посета на Министерството за труд и социјална политика беше делегација од Република Турција во состав: Зихни Шахин- градоначалник на Општина Самсун, Мурат Икиз-градоначалник на Општина Хавза и Иззет Алтунташ-претседател на Конфедерациски синдикат на Турци од Балканот.

6.8.2018

МТСП: Започнаа обуките за интегрирано управување со случаеви во системот на социјалната заштита

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, во партнерство со УНИЦЕФ и УНДП, денес започнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаеви. Ова е една од клучните алки во реформата на социјалната заштита, со што се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот. Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок но и проблемите во секојдневнието. Ова дирекно ќе влијае на превенција од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд. 

Повеќе

1.8.2018

Царовска:Овозможуваме раст на платите во Македонија

„Овозможуваме раст на платите на вработените во Македонија, со тоа што со најновите измени и дополнувања на Законот за минимална плата ја засилуваме поддршката фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците“. Ова го рече министерката Мила Царовска, која денеска се сретна со менаџментот и вработените на текстилната фабрика „Голден Текст“ во Кочани. Целта на посетата беше да ги запознае со најновите мерки кои ги обезбеди државата за раст на платите.

Повеќе