30.12.2015

Волшебната елка на желби им ги исполни желбите на 80-тина дечиња

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски беше дел од традиционалниот Новогодишен настан Волшебна елка на желби којшто Црвениот крст на Град Скопје го организираат за децата сместени во загрижувачките  семејства на територија на град Скопје.

Повеќе

29.12.2015

Министерката Ташевска-Ременски во посета на Прифатниот центар за бездомни лица во Чичино село и на Едукативниот забавен дневен детски центар за деца на улица  во Шуто Оризари


Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети Прифатниот центар за бездомни лица во Чичино село  каде што на дечињата сместени во центарот им додели пакетчиња донација на Франк Македонија, а децата и испеаја неколку песнички.

Повеќе

23.12.2015

Министерката Ташевска-Ременски во посета детската градинка “Фидани” 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети Јавната установа за деца-детската градинка “Фидани” во Општина Чаир каде што заедно со дечињата ја проследи претставата “Дедо Мраз кај нас” подготвена од вработените и децата од градинката.Во весела пред новогодишна атмосфера младите фиданчиња на албански и на македонски јазик ја изведоа претставата и го дочекаа Дедо Мраз кој им посака многу здравје, безгрижни детски денови и насмевка на нивните лица и во 2016 година.Министерката Ташевска-Ременски за вложениот труд и успешната изведба симболично на дечињата им подели новогодишни бонбони и чоколади.

Повеќе

18.12.2015

Министерката Ташевска-Ременски во работна посета на Куманово

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна посета на Општина Куманово при што ги посети институциите кои се во надлежност на министерството Јавната установа детската градинка „Ангел Шајче“, Јавната установа Домот за стари лица “Зафир Сајто” и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Куманово. Таа информираше дека на средби со надлежните од овие установи и со градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски се запознала со тековното функционирање на институциите нивните проблеми и потреби и искажала подготвеност за поддршка на нивните потреби.

Повеќе

10.12.2015

Кампањата за мирно решавање на работните спорови

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози на прес конференцијата ја информираа јавноста за Кампањата за мирно решавање на работните спорови.

Повеќе

10.12.2015

Обраќање на Ташевска-Ременски на 10 годишнината од Организацијата на работодавачи на Македонија

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски присуствуваше на дебатата организирана по повод 10 годишнината од Организацијата на работодавачи на Македонија на тема “Учеството на државата во економскиот систем на Република Македонија. Потребен ли е поголем државен интервенционизам!?”

Повеќе

9.12.2015

Вонреден инспекциски надзор во Центрите за социјални работи

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на прес конференција информираше дека Министерството за труд и социјална политика во моментов врши вонреден инспекциски надзор во сите Центри за социјални работи низ Република Македонија при што рече дека инспекторите до сега утврдиле голем број на недостатоци во работењето на овие установи.

Повеќе

4.12.2015

Средба Хусејин-Едвардс 

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин оствари средба со заменик амбасадорот на Британската Амбасада во Скопје, Паул Едвардс. 

Повеќе

3.12.2015

Работна средба на министерката Ташевска-Ременски со народниот правобранител Мемети

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со народниот правобранител г. Иџет Мемети при што се разговараше за повеќе актуелни прашања коишто ја засегаат работата на министерството и правобранителството.

Повеќе

3.12.2015

Ташевска-Ременски по повод 3 декември: Пораките на овој ден се различни бидејќи и политиките во однос на лицата со инвалидност имаат многу лица

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на присутните на одбележувањето на 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со инвалидност во организација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Повеќе
1.12.2015

Семејствата од прилепски Варош коишто ги загубија домовите во пожар добија еднократна парична помош

Семејствата Селиоски и Ѓорѓиевски чиишто домови беа неодамна целосно опожарени во пожарот којшто избувна во прилепската населба Варош добија еднократна парична помош.

Повеќе