28.1.2016

Ташевска-Ременски: Да се обезбедат услови за непречено функционирање на локалните економски совети

Mинистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на конференцијата на тема “Локалните Економско Социјални Совети – двигатели на локалните политики за вработување”, во организација на УСАИД Мрежа ЈЕС.  При тоа таа изрази задоволство што на едно место беа присутни претставници на Националниот и на Локалните економски совети бидејќи од заеднички интерес е разбирањето на концептот на социјалниот дијалог, и барањето механизми за продлабочување на соработката помеѓу локалните и институциите од централна власт посебно во делот на вработувањето и усогласеноста на пазарот на труд, како едни од најважните задачи на овие економски совети.

Повеќе

Ташевска-Ременски, оствари средба со висока делегација на Меѓународниот монетарен фонд

На 27.1.2016 год. (среда), министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски, оствари средба со висока делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Делегацијата ја сочинуваа г-ѓа Џесмин Рахман, шеф на мисијата на ММФ, г. Патрик Гитон, резидентен претставник на ММФ за Македонија, г.  Јерон Клик, советник во канцеларијата на Извршниот директор на ММФ, г. Хуа Чаи, член на мисијата на ММФ, г-ѓа Содсривибун Пјапорн, член на мисијата на ММФ и г. Ѓорѓи Нацевски, економист во Канцеларијата на ММФ во Македонија.

Повеќе

Ташевска - Ременски изврши увид во функционирањето Прифатниот транзитен центар на Табановце

Mинистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети Прифатниот транзитен центар за мигранти во Табановце при што изврши увид во неговото функционирање.

Повеќе

13.1.2015

Разрешувањето на директорите е направено поради неисполнување на законските обврски 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите информираше дека во понеделникот на 11 Јануари, на 15 директори на Јавни установи – центри и меѓуопштински центри за социјална работа, три Заводи и еден Дом им поделила решенија за разрешување. Причина за ова е неисполнување на законските обврски за поднесување годишен извештај за материјално-финансиско работење до министерот и законската обврска за склучување на менаџерски договор со министерот за труд и социјална политика.

Повеќе

10.1.2016

Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Амет чијшто дом беше опожарен во село Драчево

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството на Магбуле Амет чијшто дом беше опожарен при експлозија на плинска боца на 5 јануари во село Драчево. Семејниот дом во кој живееја три фамилии е изгорен до темел. 

Повеќе