24.01.2018

МТСП: Министерството за труд и социјална политика по промената на власта започна навремено да ги исплаќа правата за социјална парична помош

Ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика навремено ги исплаќа паричните надоместоци од областа на социјалната заштита и помош и нега од друго лице.

Повеќе

22.01.2018

Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство

Националното координативно тело против семејно насилство, формирано со решение на Владата на Република Македонија, денеска ја одржа конститутивната седница. Ова тело ќе има значајна улога во имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, позната како Истанбулска конвенција. Координацијата на институциите и организациите кои се застапени во ова тело е од суштинско значење за доследно спроведување на обврските кои Република Македонија ги презеде со ратификацијата на Конвенцијата.

Повеќе

17.1.2018

Продолжува проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.

Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари па се до 16-ти февруари 2018 година, може да поднесат барање за користење на услугата во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Право на користење на услугата имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија,  кои живеат во Република Македонија.

Повеќе

МТСП: Градинките да го почитуваат Законот за заштита на децата


Министерството за труд и социјална политика испрати Допис до Јавните установи за деца-детски градинки во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата. 

Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна. 

При тоа, Министерството ги извести Јавните установи за деца-детски градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), истото преставува прекршок за кој е предвидена глоба и кој гласи: 

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“.

12.01.2018

Изготвен нов  текст на Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување

Во последните месеци од минатата година беше изготвен нов  текст на Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување. Во процесот беше обезбедено широко учество на сите засегнати страни, вклучително и на постоечките агенции за посредување за вработување и  агенции за привремени вработувања.

Повеќе