28.7.2015

Проект „Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација  на законодавството на ЕУ во сферата на слободното движење на работниците“

Повеќе од 400 вработени во агенциите, министерствата и фондовите во Република Македонија имаа корист од обуките и активностите кои беа спроведени во рамки на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација  на законодавството на ЕУ во сферата на слободното движење на работниците“.

Повеќе

25.7.2015

Облешево доби нова современа градинка

Во Општина Чешиново-Облешево на пригодна свеченост  беше предадена во употреба новата детска градинка, инвестиција на Министерството за труд и социјална политика, вредна четири милиони денари.Во присуство на голем број граѓани и родители градинката ја предаде во употреба министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

24.7.2015

Објавен оглас за побарувани занимања на пазарот на  трудот

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на град Скопје Слободанка Алексовска остварија работен состанок со раководството на  компанијата “Бато и Дивајн” која е една од дваесетте компании коишто се вклучија во новата Програма за обука за побарувани занимања на пазарот на труд. Програмата оваа година се спроведува во соработка со приватните компании, стопанските комори, организациите на работодавачи,  односно како што изјави Спасов, во соработка со дваесет приватни субјекти коишто регистираат различен вид на обуки за занимања кои се побарувани на пазарот на труд и да се вклучат преку Агенцијата за вработуање за оваа година во обуките предвидени во Оперативниот план.

Повеќе

23.7.2015

Поголема финансиска помош од државата за децата од СОС Детско село

Државата финансиски ќе помага и поддржи 28 деца без родители и родителска грижа и млади на 14-годишна возраст сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка. За реализација на оваа помош и поддршка беше потпишан Меморандум меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село.

Повеќе

21.7.2015

Исплатена зголемената парична помош за 10 отсто и помошта за згрижувачки семејства за 25 отсто

Заменикот претседател на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посетија Дневниот центар за деца со церебрална парализа при што информираа дека Владата ја исплати зголемената социјална и постојана парична помош за социјално ранливите категории за 10 проценти и зголемениот надомест за семејствата кои згрижуваат деца без родители за 25 проценти. Зголемената социјална помош е исплатена пред десетина дена, а вчера се исплатени средствата за постојаната парична помош и за згрижувачките семејства.

Повеќе

16.7.2015

Самовработување на лица со инвалидност

Вкупно 360 лица, од кои 120 со инвалидност кои ќе креираат сопствен  бизнис и дополнителни 240 невработени лица кои ќе се вработат во новоформираните претпријатија, ќе овозможи Програмата самовработување на лица со инвалидност.  За реализацијата на оваа Програма Владата предвиде 59 милиони и 280 илјади денари, а право на учество имаат сите невработени лица со инвалидност.

Повеќе

18.7.2015

2000 деца на бесплатно летување во Струга

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посети детското одморалиште „25 мај“ во Струга, во кое во моментов престојува петтата група на деца коишто се дел од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик”.

Повеќе

Се реновираат центрите за социјална работа во Прилеп и во Битола

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети Центрите за социјална работа во Прилеп и во Битола коишто се во фаза на реконструкција. Спасов во изјава за медиумите пред Центарот за социјални работи во Битола рече дека објектот е стар повеќе од 30 години и е започната  негова целосна реконструкција и реновирање.

Повеќе

9.7.2015

Исплатена е социјалната парична помош зголемена за 10%

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посети Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во кој во изминатиот период беа инвестирани околу 1,2 милиони денари во реновирање и создавање на посебни станбени единици во којшто ќе престојуваат децата, во реновирање на кујната и во правење на фитнес центар, односно набавени се и справи за спортување на младинците сместени во Домот.

Повеќе

6.7.2015

Отворени над 4.200 работни места  со мерките за кредитирање

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска ја посетија фирмата „Даути-Комерц“, приватна македонска компанија Даути која што има вработено над 270 лица и искористила повеќе од мерките за вработување коишто ги нуди државата.

Повеќе

4.7.2015

Проширување на детската градинка во Илинден

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов заедно со градоначалникот Жика  Стојановски присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новиот објект во рамки на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, Општина Илинден. Тоа е нова инвестиција од страна на Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика.  Изградбата на овој објект ќе чини околу 15.000.000 денари, дополнително за опремување од страна на министерството за труд и социјална политика обезбедени се околу 4.000.000 денари.

Повеќе

2.7.2015

Спасов ги посети семејствата чии куќи настрадаа од пожар предизвикан од гром

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети семејствата чиишто куќи настрадаа од пожар по громот што удри за време на невремето коешто вчера гo зафати кавадаречко.

Повеќе

2.7.2015

Промовирани нови 60 аудио книги за слепи и лица со оштетен вид

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за култура Елизабета Канческа-Милеска и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селкоски промовираа 60 нови наслови на аудио книги од  Проектот „400 Аудио книги за лица со оштетен вид“. Новите аудио книги се лектири од основното и средното образование, детски приказни, научна литератира, книги за историјата на Македонија и бестселери.

Повеќе