26.6.2018

Царовска во Неготино и Тимјаник: Заедно со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретна со локалните жители. Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат. „Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање“, изјави министерката Царовска. “Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, заклучи министерката. 

Повеќе

25.6.2018

Царовска: Градиме општество еднакво за сите! 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска презентирајќи ги измените на новиот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација рече дека тој има за цел да обезбеди принцип на еднаквост во заштитата од  дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Во него се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација. 

Повеќе

25.6.2018

Придонес на јавноста за подобра стратегија за деинституционализација
 
Рокот за јавна расправа за нацрт- Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 истече на 24.6.2018 година. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) изразува благодарност до сите граѓани и претставници на институциите, академската заедница и на граѓанскиот сектор, кои одвоија време да придонесат, со своите забелешки и коментари, за подобрување на стратегискиот документ.

 

Повеќе

14.6.2018

Иновативни решенија за просперитет и солидарност

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, беше претседавач на сесијата на тема „ Иновативни решенија за просперитет и солидарност “, во рамките на меѓународната конференција во Талин, Естонија, насловена „Здравствени системи за просперитет и солидарност“.

Повеќе

11.6.2018

Царовска во посета на групниот дом во Неготино: Деинституционализацијата е првиот чекор кон градење похумано општество

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со постојаната претставничка на ОН во земјава Луиза Винтон, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и претставници од Европската делегација денеска го посети новиот групен дом во Неготино. Во него ќе бидат сместени три деца со интелектуална попреченост, досега згрижени во Специјалниот завод Демир Капија.

Повеќе

8.6.2018

Царовска од Белград: Земјата напредува онолку колку што се подобрува квалитетот на животот на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на регионална конференција „Иднината на државите на благостојба на Западен Балкан“ во организација на Центарот за социјална политика од Белград.

Повеќе

6.6.2018

Царовска се обрати на 107-та конференција на Меѓународната организација на трудот во Женева

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, учествува на 107-та конференција на Меѓународната организација на трудот, која се оддржува во Женева. 

Повеќе

5.6.2018

МТСП: Отворен реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле

Министерката за труд и социјална политика денеска присуствуваше на отворањето на   реновираниот  Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле. Реновирањето е плод на заедничка соработка помеѓу  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус„ и ЈУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје. Во реновирање на центарот во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата со попреченост и советодавна работа со нивните родители, поддршка даде и приватниот сектор. КБ Публикум инвест АД Скопје и Дигит Експрес ММ ДООЕЛ обезбедија дидактички материјали и играчки за децата кои ќе го посетуваат центарот.

Повеќе

4.6.2018

МТСП: Се забрзува процесот на  деинституционализација, идната недела почнува преселбата на децата сместени во Демир Капија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со дел од пратениците го посети Специјалниот завод Демир Капија,  каде што реформите интензивно течат. Првите корисници што ќе излезат од институцијата се децата кои се селат во мал групен дом во Неготино во понеделник. Овој месец, вкупно седум деца ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и развој.

Повеќе

4.6.2018

Втора меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018"

 
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска учествуваа на панел на тема „Состојбата наспроти можностите за постигнување на родова еднаквост”, кој е дел од Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“. 

Министерката Царовска истакна дека во насока на јакнење на заедничкиот пристап кон родовите прашања, Владата ја формира Интересорската советодавна-консултативна група за еднакви можности на жените и мажите, тело кое има обврска да се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите. 

Повеќе

4.6.2018

Отворена прва градинка во Општина Чашка

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на новата градинка „Објектот8 – Бамби“ во Општина Чашка.

 

Повеќе

1.6.2018

МТСП и УНИЦЕФ ја промовираа кампањата „На секое дете му треба семејство“

Министерството за труд и социјална политика и  УНИЦЕФ  ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Повеќе