30.5.2016

Ќе се отворат  три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на Република Македонија за давање одобрување за основање вакви домови.  

Повеќе

27.5.2016

Започнаа обуките за дефицитарни занимања

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го посети Центарот за обука при Сојуз на стопански комори каде се врши обука за дефицитарни занимања што Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ја најавија пред два месеци. Оваа обука е така конципирана да преку истата се градат вештините и знаењата кај невработените лица и тоа токму тие кои што ги побаруваат работодавачите.

Повеќе

26.5.2016

Промовирани нови 150 наслови на аудио книги

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски денес промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. Спасов истакна  дека соработката со националните сојузи на лицата со инвалидност во изминатиов период вродила со успешно реализирање  на низа проекти и иницијативи кои, како што рече, дотогаш воопшто не постоеле, а се од огромно значење токму за лицата со инвалидност.

Повеќе

25.5.2016

Ставен камен-темелник на првата детска градинка во Новаци

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денес го поставија камен темелникот на првата градинка во оваа општина.

Повеќе

23.5.2016

Доделени првите грантови за самовработување на лица со инвалидност

На 30 лица со инвалидност им беа доделени грантови од 5000 евра за отпочнување на свој сопствен бизнис. Според проектот на Владата се отчекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои имаат влезено во процесот на квалификации и имаа добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства. Договорите денеска за првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

22.5.2016

Нова детска градинка во општина Јегуновце

Во општина Јегуновце денеска е отворена нова градинка во која ќе може да се сместат педесетина деца. Објектот се протега на површина од околу 200 метри квадратни, а за него се инвестирани околу 5 милиони денари. Станува збор за објект кој е готов веќе шест месеци, но поради кочење на процедурите од страна на поранешната министерка Ременски од СДСМ, досега не беше отворен.

Повеќе

19.5.2016

Проектите за подобрување на животот на граѓаните продолжуваат

Во општина Илинден денеска се отвори нов објект во рамки на градинката „Гоце Делчев“, со капацитет за 170 дечиња. Инвестицијата, како што посочи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, е 17 милиони денари. На отворањето на градинката, освен министерот Спасов, присуствуваше и градоначалникот Жика Стојновски и бројни граѓани од општината.

Повеќе

17.5.2016

Нема да дозволам манипулацијата со граѓаните да биде посилно оружје од праведноста и социјалната солидарност која во овој случај треба да ја покажеме сите

Во врска со повеќедневните дезинформации и невистините коишто се шират на одредени медиуми поврзани со протестот на изманипулираните лица кои се рангирани за добивање на социјален стан во Прилеп, министерот за труд и социјална политика, како и покрај бројните деманти и информации кои не беа објавени, а во интерес на вистината, д-р Фросина Ташевска-Ременски  на конференција за медиумите соопшти дека овие лица одговорот зошто се уште не можат да си ги добијат становите треба да го побараат од Министерството за транспорт и врски. 

 

Повеќе
16.5.2016

Ташевска-Ременски: Нека престанат манипулациите со лицата рангирани за добивање на социјален стан во Прилеп

Почитувани,                       

Во врска со повеќедневните дезинформации и невистините коишто се шират на одредени медиуми поврзани со протестот на изманипулираните лица кои се рангирани за добивање на социјален стан во Прилеп, а во интерес на вистината, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека овие лица вистината за тоа зошто се уште не можат да си ги добијат становите треба да ја побараат од друго Министерство, Министерството за транспорт и врски, кое непочитувајќи ја процедурата си зеде за право да создаде хаос и да ја одолговлечи постапката.               

 

Повеќе

13.5.2016

Во Софија: Меѓународна министерска конференција “Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”

Вчера и денеска (12 и 13 мај 2016 година), во Софија, Република Бугарија, се одржува Меѓународна министерска конференција: “Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” која што е организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Повеќе