23.5.2018

Царовска: Словенечките искуства ќе ни помогнат да донесеме добар Закон за работни односи

Министерството за труд и социјална политика организира работилница на тема ,,Реформи на пазарот на труд во Република македонија - Што можеме да научиме од искуството на Словенија?’’како дел од дебатата за реформи на пазарот на труд и донесувањето на нов Закон за работни односи, кој треба да се усвои до крајот на годинава.

Повеќе

22.5.2018

Царовска на конференција на ФООМ - Има ли шанси отвореното општество во Македонија

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на панел дискусијата на тема ,,Има ли шанси отвореното општество во Македонија’’, организирана во рамки на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Фондацијата отворено општество Македонија. 

 

Повеќе

22.5.2018

Царовска: Родово одговорното буџетирање значи создавање еднакво општество


Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се обрати на регионалната Конференција за родово одговорно буџетирање, која се одржува на 22-23 мај 2018 година во Скопје.

 
Министерката Царовска нагласи дека вклучувањето на родовата перспектива во политиките, стратешките планови и буџетите е еден од приоритетите. Притоа, сите кои се вклучени во буџетското планирање мора да бидат свесни дека  населението не е хомогена група, а алоцираните средства треба да одговорат на потребите на сите граѓани.  

Повеќе

18.5.2018

Царовска и градоначалници во посета на Заводот Демир Капија:Oпштините се клучна алка во процесот на деинституционализација

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше средба во Заводот Демир Капија, на која присуствуваа министерката Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата. 

Во воведното обраќање министерката Царовска изрази благодарност што голем дел од поканетите се одзваа на средбата, која за прв пат се случува токму во институција чија трансформација е неопходна. Целта е општините да се подготват за спроведување на деинституционализацијата, која подразбира создавање на социјални, здравствени, образовни и други услуги во самите локални заедници.

Повеќе

17.5.2018 

МТСП доби награда ,,Поддржувач на годината’’ во борбата против хомофобија, бифобија и трансфобија

Министерството за труд и социјална политика оваа година ја доби наградата „Поддржувач на годината“ од страна на Субверзивен фронт, во рамките на Националната конференција „Како до интегриран пристап до услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓе“. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се заблагодари за наградата и истакна дека МТСП работи на целосна реформа на системот на социјална заштита кој ќе ги подобри услугите и ќе овозможи еднаков пристап до нив, без никаква дискриминација.

Повеќе

17.5.2018

Јавна дебата за нацрт Стратегијата за деинституционализација

На Филозофскиот факултет при УКИМ денеска се одржа јавна расправа за нацрт текстот на Националната стратегија за деинстутуционализација, една од најзначајните реформи кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика.

Националната стратегија предвидува трансформација на големите институции за згрижување деца и возрасни, при што во првата фаза до 2022 година целни групи се децата и лицата со попреченост, деца без родители и со воспитно социјални проблеми, а во втората фаза, возрасни со долгорочни потешкотии со менталното здравје и постари лица.

Повеќе

17.5.2018

МТСП и ФИТР презентираа можности за развој на бизнис за млади


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски се обратија на настанот „Можности за развој на брзорастечки бизнис за млади“, на кој фирмите, отворени во текот на 2017 година преку грантови за самовработување од МТСП, можеа да се информираат за дополнителните можности за развој, достапни преку инструментите на ФИТР. 

Повеќе

16.5.2018

МТСП: Отворен нов објект за згрижување на деца во Куманово         

Денеска се отвори новиот објект „Детелинка“, во рамките на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Се работи за адаптиран простор за згрижување на 62 деца, на возраст од 9 месеци од 6 години. Објектот со 3 занимални и други пропратни простории е на површина од 348 м2.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во нејзиното обаќање потенцираше дека ова е уште еден конкретен чекор за зголемување на опфатот на деца во предучилишни установи во Република Македонија. 

Повеќе

15.5.2018

МТСП: Охрабрувачки резултати од Гаранцијата за млади, за два месеца вработени 123 млади лица во трите пилот општини


Во насока на промовирање на целите и можностите што ги нуди проектот Гаранција за млади, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе се обрати на Отворениот ден со млади невработени лица, кој ќе се одржи денеска (вторник, 15 мај 2018) со почеток во 17 часот, во Домот на АРМ во Струмица. На настанот ќе се обратат и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, претставници на Младинскиот совет Струмица, Националниот младински совет на Македонија и Агенцијата за вработување на Македонија.

Повеќе

14.5.2018

Царовска на министерски состанок во Виена: Унапредувањето на родовата еднаквост е клучно за одржлив економски раст на земјите од Западен Балкан 


Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и заменик министерката за финансии, Ширет Елези учествуваат на регионалниот министерски состанок на земјите од Западен Балкан во организација на Светска банка. Состанокот, кој денеска се одржува во Виена е насловен како ,,Ослободување на потенцијалите за економски раст во Западен Балкан преку унапредување на родовата еднаквост во пристапот до економските можности’’.

Повеќе

11.5.2018

60 годишен јубилеј на кумановската градинка ,,Ангел Шајче’’

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се обрати на прославата по повод 60 години од отворањето на една од најстарите установи за згрижување на деца во Република Македонија, кумановската градинка ,,Ангел Шајче’’.

Повеќе

10.5.2018

Царовска: Сите заедно да се избориме против насилството врз децата

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, го отвори настанот на кој беше промовирана Студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца, изработена од страна на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Македонија.

Повеќе

9.5.2018

Прилеп доби нов објект за згрижување на 100 деца од предучилишна возраст

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовка денеска го посети новиот наменски адаптиран простор за детска градинка во ООУ „Рампо Левката“ подрачно училиште во Општина Прилеп. МТСП  во рамките на својот буџет обезбеди средства во износ од 1.642.176,00 денари за опремување на овој простор.

Повеќе

8.5.2018

Директна помош за раст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности

Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во општина Свети Николе ја презентираше новата мерка за финансиска поддршка за раст на платите во трудоинтензивните фирми за што од Буџетот се издвоени 360 милиони денари.

Повеќе

7.05.2018

Обраќање на министерката Царовска на конференција за правните потреби на маргинализираните групи 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се обрати на денешната конференција посветена на правните потреби на маргинализираните групи, во организација на Фондацијата отворено општество Македонија. Во своето обраќање таа посочи дека измената на законите е еден аспект од решението, a другиот дел е овозможување на пристап до услугите и за најисклучениот граѓанин. Царовска очекува дека дел од иновативните начини за пристап до правда ќе бидат вклучени во ревидираната верзија на законот за бесплатна правна помош.

Повеќе

4.05.2018

Конференција за Важноста за рано инвестирање: Зајакнување на раниот детски развој во земјите од Западен Балкан

На Конференцијата на тема, Важноста за рано инвестирање: Зајакнување на раниот детски развој во земјите од Западен Балкан, којашто е организирана од Светска банка и поддржана од Владата на Република Македонија, се обратија претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерките за образование Рената Дескоска и за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и високите претставници на Светска Банка, Линда ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан и Хаиме Саведра, сениор директор за Глобалната едукациска пракса на Светска Банка,.

Повеќе