30.3.2018

МТСП: Отворена првата градинка во општина Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане за прв пат доби објект за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Наменски адаптираниот простор се наоѓа во рамки на подрачното училиште во Младо Нагоричане, со површина од 91,7м2 и посебен влез. За градежно-занаетчиските работи и опремувањето МТСП обезбеди средства во износ од 3.001.780 денари. Отворањето на оваа градинка е резултат на меѓуопштинската соработка на локалните самоуправи на Куманово и Старо Нагоричане и таа ќе функционира во рамки на ЈОГД ,,Ангел Шајче’’- Куманово.

Повеќе

28.3.2018

Се укинува здравствената партиципација за деца од семејства-корисници на социјална помош 

Владата на вчерашната седница донесе програма со која се ослободуваат од плаќање на здравствената партиципација децата, чии родители се корисници на правото на социјална парична помош. Со мерката ќе бидат опфатени 24.267 лица и за таа цел од буџетот се издвојуваат речиси 20 милиони денари.

Повеќе

27.03.2018

Царовска: Просечната плата во производство на облека е зголемена за 16%, а во текстилната индустрија за 24%. Законот за минимална плата се имплементира без проблеми.

Денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ја посети фабриката Окитекс и одржа средба со сопственикот, Миле Миленковски и претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Љупчо Радовски.

Целта на посетата беше да се утврди како се одвива имплементацијата на Законот за минимална плата и кои се предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во земјава и изнаоѓање на соодветни решенија.

Повеќе

23.3.2018

Со системско решение за социјално претприемништво до #ОброкЗаСите

„Оброк за сите“ е иновациски предизвик со кој се поттикнува создавање на иновативно решение за обезбедување на #ОброкЗаСите ранливи категории на лица и развивање на социјалното претприемништво во Македонија кое треба да придонесе кон зајакнување на солидарноста во општеството. 

Повеќе

МТСП: Го решаваме проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени

Проблемот со лицата неевидентирани во Матичната книга на родени е нотиран уште во 2011 година, а се уште не е соодветно третиран. Токму затоа, Владата донесе одлука за негово системско решавање, кое ќе се одвива во неколку фази.

Во петок Управата за водење на Матични книги ќе го отвори Огласот за пријавување на лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, и тој ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија. Пријавувањето ќе трае 6 месеци. Во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште.

Повеќе

21.3.2018

МТСП: Работна средба по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром-Заедно можеме да изградиме едно општество за сите 

По повод 21-ви март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба со претставници на граѓанските организации ,,Трисомија 21’’, ,,Центар за Даунов синдром’’, како и со родители и лица со Даунов синдром. 

Повеќе

20.3.2018

МТСП: Самохраните родители кои имаат ниски примања повеќе нема да плаќаат за градинка 

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка. 

Повеќе

14.03.2018

Царовска во ОН: Со конкретни мерки го унапредуваме статусот на жените и девојчињата во Македонија​ 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска учествува на 62-та сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединетите Нации. Во своето излагање во Генералното собрание на ОН, Царовска посочи дека, како земја кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија се приклучува на изјавата на Европската Унија која се однесува на статусот на жените и ја споделува определбата да се засилат напорите кон трајна и трансформативна промена на животот на секоја жена и девојка во светот. 

Повеќе

13.03.2018

МТСП: Владата за прв пат усвои Програма за персонална асистенција. Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост 

На предлог на МТСП, Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година. Оваа услуга се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од Буџетот.

Повеќе

07.03.2018

Обраќање на министерката Царовска на настан на ОН за одбележување на ратификацијата на Истанбулската конвенција

По повод Меѓународниот ден на жената, Канцеларијата на Обединетите нации организираше настан за одбележување на ратификацијата на „Истанбулската конвенција“ од страна на Собранието во декември минатата година.

Повеќе

07.03.2018

ХаБит-прв центар за поддршка на млади лица со попреченост

Во Скопје беше отворен првиот центар во Македонија и во регионот ХабИТ којшто ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот. Исто така, тој на компаниите ќе им овозможува да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи.

Повеќе

06.03.2018

Направени се првите чекори кон универзален пристап на децата во предучилишно образование

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс денес ја отворија тридневната стратешка работилница за спроведување систематска анализа на системот за предучилишно образование и изработка на план за да се зголеми пристапот до квалитетно предучилишно образование. Оваа иницијатива е прв голем чекор кон универзален опфат со предучилишно образование на децата на возраст од 3 до 6 години во земјата.

Повеќе

02.03.2018

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници- УНИТ и регионалните координатори на здружението.

 

Повеќе

02.03.2018

Шанса за сите: Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година 

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година нуди шанса за сите категории невработени лица, како и можности за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите и други мерки  и услуги со цел зголемување на вработеноста и вработливоста.

Повеќе

01.03.2018

Состанок на секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“

За да се постигне социо-економски развој во Република Македонија потребна е директна координација помеѓу политиките за вработување и образовните политики.

Повеќе