27.11.2015

Преку „Македонија вработува“ отворени 9.600 работни места

Со владината програма „Македонија вработува“ досега се отворени 9.600 работни места. Ова е значајна бројка, а невработените имаат значително поголеми можности и шанса да се вработат преку поволностите кои што се нудат со овој проект, изјави денеска дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

26.11.2015

Работна средба на д-р Фросина Ташевска Ременски со претставникот на Канцеларијата на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Република Македонија д-р Бертран Демулан

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска Ременски оствари работна средба со претставникот на Канцеларијата на детскиот фонд на  Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Република Македонија д-р Бертран Демулан.

Повеќе

25.11.2015

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените под мотото Стави точка!               

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски заедно со дел од вработените што работат на проблематиката за семејно насилство во Министерството за труд и социјална политика се приклучи на одбележувањето на 16-дневната кампања по повод „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права. Годинава кампањата се одвива под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“. 

Повеќе

24.11.2015

Министерот Ташевска-Ременски  оствари средба со постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Луиза Винтон

Министерот за  труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Луиза Винтон при што беше разговарано за актуелната состојба со бегалците, односно бегалската криза и други прашања поврзани со ресорот труд и социјала.

Повеќе

20.11.2015

Ташевска-Ременски  оствари средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет

Министерот за  труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја оствари првата работна средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет.

Повеќе
20.11.2015

Ташевска-Ременски го посети СОС “Детско Село” Македонија 

По повод 20 ноември, Универзалниот ден на детето министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети СОС “Детско Село” Македонија при што најпрвин оствари средба со штитеникот Трајче Пеев кој покажува исклучителен талент за фудбал и е на чекор до академијата на фудбалскиот клуб Арсенал од Грција.На оваа фудбалска академија тренираат млади лица на возраст од 11 до 16 години. Лицата од академијата се запознаени со  фудбалскиот потенцијал на Трајче, а од неговиот иден менаџер е побарано да се овозможи пробен престој,  односно еднонеделно фудбалско следење по кое ќе се даде мислење за евентуално вклучување на Трајче во Фудбалската академија на Арсенал во Грција.

Повеќе

19.11.2015

Средба на Ташевска-Ременски со шефот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамед Ариф

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со шефот на канцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамед Ариф и сениор офицерот за заштита во УНХЦР Дејан Кладарин при што беше разговарано за потпишување на анекс на постојниот Договор за поддршка на бегалците во Република Македонија. 

Повеќе

19.11.2015

Ташевска-Ременски: Запазени се сите процедури во работата на МТСП

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост одговарајќи на новинарски прашања истакна дека ги отфрла шпекулациите оти невработено лице одговара на прашања на граѓани и дека на Управната инспекција која вчера била во нејзиниот кабинет и дала документи кои, како што рече, одат во прилог на нејзиното тврдење. Во продолжение ви ги пренесуваме прашањата и одговорите.

Повеќе

Меѓународната конференција на тема: „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Со службената e-mail адреса и со web страницата на Министерството за труд и социјална политика управуваат овластени лица за комуникации со јавноста, медиумите и граѓаните. Координацијата на секторите во делот на нивната обврска да одговараат на конкретни прашања на граѓани упатени по електронски пат до Министерството го прави одговорно лица од Кабинетот на министерот со цел навремено и компетентно известување. Професионалното и законито постапување на вработените во Министерството за труд и социјална политика е топ приоритет на министерот и принцип на работа на вработените во Министерството. Секој вработен е должен да пријави незаконско постапување во вршењето на работните задачи. Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци, незаконско постапување или барања од претпоставен за незаконско постапување. По секоја пријава доставена до Министерството за труд и социјална политика по електронски пат или на друг начин ќе се постапи согласно со Законот и кодексот на јавната администрација. Тоа не е волја, туку обврска.

12.11.2015

Новиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски ја презеде функцијата

Денеска во Министерството за труд и социјална политика новиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски ја презеде должноста министер за труд и социјална политика.

Повеќе

6.11.2015

Потпишана Административна спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување    

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и Амбасадорот на Словачка Република, Н.Е Мартин Безак денес ја потпишаа Административната спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување.

Повеќе

3.11.2015

Спасов:Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски направија увид во градежните активности за адаптација, реконструкција и опремување на простор во рамки на  училиштето „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, Општина Ѓорче Петров.

Повеќе