Драчево ќе добие нова градинка, инвестираме во раниот детски развој и искоренувањето на детската сиромаштија

Министерството за труд и социјална политика ги продолжува капиталните проекти. Во Драчево, општина Кисела Вода, во тек е изградбата на нова, енергетски ефикасна градинка, наменета за 125 деца. 

„Тоа не е само инвестиција во објекти туку пред се вложување во децата на оваа земја. И во овие специфични услови, не дозволуваме здравствено-економската криза да ги одложи проектите за изградба на градинки. Наша примарна цел е искоренување на детската сиромаштија и обезбедување еднаква шанса за секое дете. Во изминатиот период инвестиравме во 44 градинки и објекти за ран детски и создадовме услови за квалитетно сместување на 3000 предучилишни деца. 

Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки.  Како што гледате, овие средства непречено се реализираат“, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, при увидот во градежните работи, заедно со претседателот на Владата Оливер Спасовски, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски. 

Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на  зголемувањето на капацитетите за деца од предучилишна возраст со цел зголемување на можностите за пристап до рано учење и обезбедување еднакви можности за ран детски развој за секое дете. Заложбата е да бидат опфатени што повеќе деца во предучилишно образование. Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години инвестираше не само во инфраструктурата, туку и во квалитетот на предучилишното образование. Многу скоро градинките повторно ќе бидат безбедни места, каде децата не само што ќе бидат згрижени туку и ќе го почнат квалитетното образование.

 

Draçeva do të bëhet me kopsht të ri, investojmë në zhvillimin e hershëm fëmijëror dhe në çrrënjosjen e varfërisë fëmijërore

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->