Известување

Министерството за труд и социјална политика согласно со член 163 од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македoнија“ бр. 104/19 и 146/19), дава дозвола за вршење работи од социјалната заштита на установи од социјална заштита и на други даватели на социјални  услуги. 

Министерството за труд и социјална политика ги известува давателите на социјални услуги да изразат интерес да аплицираат за добивање на дозвола за вршење на работи согласно со Правилникот за поблиските услови и критериуми, потребната документација, образецот на барањето за добивање дозвола за вршење работи од социјална заштита, начинот и постапката за издавање и одземање на дозвола за вршење работи од социјална заштита и начинот на водење на евиденцијата на лиценцирани даватели на социјални услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.264/19), од областа на: 

  • услугата лична асистенција, 
  • услугата живеење со поддршка и
  • услуга за третман и рехабилитација на лица кои имаат проблем со зависности и други маргинализирани лица.          
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->