МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

 

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година:

 

Гарантиран детски додаток

Детски додаток

Посебен додаток за месец 06/2020

ЕПП за новороденче

Родителски додаток за трето дете

Родителски додаток за четврто дете

Единствен родителски додаток

Образовен додаток - Студирање

Гарантирана минимална помош ГМП

Туѓа нега

Постојана парична помош

Еднократна парична помош

Мобилност и слепило

Цивилна инвалиднина

Социјално домување

Социјална сигурност- социјална пензија

Азиланти домување

Парична помош за згрижувач

Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

-  2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

-  3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

-  4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->