МТСП преку ЦСР Скопје испрати екипи на терен кај опожарените семејства

По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата чии што домови беа опожарени.

Екипа на Центарот за социјална работа Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на Министерството за труд и социјална политика, на семејствата им е понудено сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово. Едно од семејствата кое веќе ја прифати понудената можност, ќе биде сместено веднаш. Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги за семејството на починатите.

Уште еднаш, Министерството за труд и социјална политика изразува длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->