Спасовски, Бајрактар и Шкријељ од Ѓорче Петров: Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита, само за две години се изградија, се обновија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ денеска извршија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров.

Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски објасни дека во изминатите три години, Владата на Република Северна Македонија, во тесна соработка со единиците на локалната самоуправа, спроведе стотици и стотици проекти од најнепосреден интерес за граѓаните.

„Вложуваме, градиме, се грижиме. Во инфраструктурата се реализираат проекти како никогаш досега. И во време на оваа криза со КОВИД-19, инвестициите во инфраструктурата продолжуваат. Тоа ја прави сосема видлива разликата од претходниот период. Градежните работи на објектот стартуваа на почетокот на февруари, и после 18 месеци, кога ќе биде готова, градинката ќе прими 175 деца. Според проектот, станува збор за современа градинка, енергетски штедлив објект по сите стандарди. Градењето на овој капитален проект се движи со одлично темпо и според динамиката, предвидено е да се заврши во предвидениот рок. Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита“, образложи премиерот Спасовски.

Тој истакна дека во изминатиот период инвестирале во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создале услови за квалитетно сместување на 3.000 предучилишни деца.

„Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки. За само две години се изградија, се обновија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини. Ги ослободивме од плаќање надоместок за градинка самохраните родители во социјален ризик. Системски го решивме прашањето за бесплатно вклучување во предучилишно образование на децата Роми од семејства во ризик“, акцентираше премиерот Спасовски.

Премиерот Спасовски образложи дека квалитетно предучилишно образование подразбира и мотивиран, стручен кадар и затоа со реформите е направено историско зголемување на платите на воспитувачките за 27% или во просек за 5.744.

„Секое дете заслужува грижа, за негов непречен емоционален и психо-физички развој. Грижата за децата е грижа за нашата иднина, иднината на сегашните и идни генерации. Затоа наша посебна грижа се решавањето на инфраструктурните прашања и на училишните објекти. Затоа, како дел од нашата денешна посета на Општина Ѓорче Петров, го вклучивме и увидот во работите на доградбата на училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населеното место Хром. Во меѓувреме таму успешно завршува реновирањето на кровната површина, а во дворот на ова училиште заедно со Агенцијата за млади и спорт се гради уште еден капитален проект – пливачки базен. Тоа е уште еден значаен придонес за спортски активности и за негување на физички здрави генерации“, го истакна своето задоволство премиерот Спасовски.

Тој потенцираше дека Општина Ѓорче Петров е една од најактивните општини во однос на важни проекти за граѓаните.

„После 60 години, граѓаните од Волково и Орман добиваат спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“, во која учениците, од 1 септември ќе ги имаат најдобрите услови за физички активности  и за спортување. Маалското собирање и дружење на ѓорчевци е синоним за оваа општина. Со поддршка на Министерството за финансии и со поволен заем од Светска Банка, наскоро со полн сјај ќе се врати во функција познатото корзо, кое покрај паркот во Ѓорче Петров, беше еден од најпознатите шеталишта во Скопје. Во изминатите нецели три години, во општината во континуитет се работеше на подобрување на условите за живот низ целата општина. Во Дексион е поставено ново улично ЛЕД осветлување, а населбата добива нова фекална канализација долж улицата  „Црногорска“. Во градинката „Кокиче“ инсталирани се нови инвертер клими, а во делот на животната средина-засадени се 80 нови садници и обновена дел од зелената површина.Владата, во соработка со Општина Ѓорче Петров реализира низа други капитални проекти како што се санација на патишта, се реконструираат над 60 улици, меѓу кои и реконструкција на патот Волково-Кучково, а се гради и кружен тек во Волково“, акцентираше на крај премиерот Спасовски.

Тој ја заврши својата изјава со силна увереност дека ветеното се исполнува и дека во врвот на грижата се граѓаните и нивните непосредни интереси.

Заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар објасни дека овде во Волково, каде што се гради една од најсовремените градинки кај нас, вкупната инвестиција е над 80 милиони денари, од кои околу 73 милиони денари се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика заедно со Светска Банка. Оваа градинка е димензионирана за згрижување на 175 деца.

„И овој дел од градот ќе добие топло катче за безгрижно детство на најмладите“, потенцираше заменикот министер Бајрактар.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ истакна дека иднината на секоја држава зависи од генерациите кои доаѓаат и затоа оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика систематски вложува и во најмладите, почнувајќи со зголемување на капацитетите за предучилишно образование.

„Единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество е да инвестираме во децата. Министерството за труд и социјална политика креираше сет мерки за намалување на детската сиромаштија, а предучилишното образование и раниот детски раст и развој се клучни фактори во обезбедување еднакви можности и еднаков старт на секое дете. За квалитетно предучилишно образование неопходен е квалитетен, обучен и мотивиран кадар. Затоа работевме на зајакнување на професионалните компетенции на воспитувачите овозможувајќи, континуиран професионален развој на кадарот. Истовремено, ги зголемивме и платите на воспитувачките кои беа опфатени со реформата. Работевме и на нови програми коишто треба да влезат во ревидираната програма за рано учење и развој. Нашата држава е една од првите држави кои воведоа пилот програма за социоемоционален развој на децата во градинките“, потенцираше Шкријељ.

Патот за создавање најдобро европско предучилишно образование е трасиран и ние ќе продолжиме да го градиме.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски во својата изјава потенцираше дека овој објект ќе биде гордост на ѓорчепетровци.

„Градинката заедно со Министерството за труд и социјална политика ја градиме по сите светски стандарди, адаптирани за ваков објект. Со нејзиното пуштање во употреба, кое по динамиката на градбата ќе заврши во предвидениот рок, ќе бидат примени околу 200 дечиња, со што значително ќе го намалиме бројот на деца што чекаат на ред за упис. Оваа градинка, доградба на градинката „Детелинка“, новото Корзо, базенот, новата училишна спортска и фекалната канализација, се само дел од проектите кои успеваме да ги реализираме со помош од Владата. Голем проект кој сакам да го споменам е и јавното осветлување кое речиси целосно го променивме со нови ЛЕД светла“, ги презентираше фактите за градинката градоначалникот Наумовски.

Тој објасни дека во Волково се работи и на реконструкција на патот Волково-Кучково со планиран кружен тек во центарот на Волково, со што значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Како министер за транспорт и врски Владо Мисајловски не успеа да асфалтира ниту еден метар во неговото родно место.Ние асфалтиравме над 60 улици, дел во соработка со Владата предводена од СДСМ. Заедно со Градот, целосно ја реконструиравме и главната артерија, улицата „4 јули“. И тука не застануваме. Напротив, продолжуваме да работиме со засилена динамика. Имаме уште идеи и проекти кои треба да ги реализираме. За разлика од претходното локално раководство, ние не селектираме по партиска или друга припадност. Работиме за сите граѓани и оставаме објекти за сите генерации“, истакна на крај градоначалникот Наумовски.

Spasovski, Bajraktar dhe Shkrijel nga Gjorçe Petrovi: Çdo fëmijë meriton shans për zhvillim të duhur dhe mbrojtje, vetëm për dy vite u ndërtuan dhe u rinovuan më shumë se 70 objekte, kopshte dhe qendra për fëmijë në tërë shteti, në qytet, por edhe në mjediset rurale 

Kryetari i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Oliver Spasovski, zëvendësministri i Punës dhe Politikës Sociale, Gjonul Bajraktar, zëvendësministrja plotësuese e Punës dhe Politikës Sociale, Sanela Shkrijel, sot kryen inspektim të punëve ndërtimore të kopshtit të ri me efikasitet  energjetik në Vollkovë, komuna Gjorçe Petrov. 

Në deklaratën për media, Kryeministri Spasovski sqaroi se gjatë tre viteve të fundit, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bashkëpunim të ngushtë me njësitë e vetëqeverisjes lokale, realizoi qindra projekte në interes të qytetarëve. 

“Investojmë, ndërtojmë, kujdesemi. Në infrastrukturë realizohen projekte si asnjëherë më parë. Edhe në kohë të kësaj krize me COVID-19, investimet në infrastrukturë vazhdojnë. Kjo e bën të dukshme diferencën nga periudha e kaluar. Punët ndërtimore të objektit filluan në fillim të muajit shkurt dhe pas 18 muaj, kur do të përfundojë, kopshti do të pranojë 175 fëmijë. Sipas projektit, bëhet fjalë për kopsht bashkëkohor, me kursim energjetik sipas të gjitha standardeve. Ndërtimi i këtij projekti kapital lëviz me tempo të shpejtë dhe sipas dinamikës, parashihet të përfundojë në afatin e paraparë. Çdo fëmijë meriton shans për zhvillim dhe mbrojtje të drejtë”, sqaroi kryeministri Spasovski.  

Ai theksoi se gjatë periudhës së kaluar, kanë investuar në 44 kopshte dhe objekte për zhvillim të hershëm të fëmijëve dhe kanë krijuar kushte për akomodim cilësor të 3.000 fëmijëve në moshën parashkollore. 

“15 milionë euro shtesë janë siguruar për kopshtet e reja inkluzive dhe me energji efikase, të cilat do të thonë 7.500 vende të reja për përkujdesin e fëmijëve në kopshte. Për vetëm dy vite u ndërtuan, u rindërtuan dhe u rinovuan më shumë se 70 objekte, kopshte dhe qendra për fëmijë në tërë shtetin, në qytete, por edhe në ambientet rurale. I liruam nga pagesa e kompensimit për kopsht prindërit e vetëm në rrezik social. Në mënyrë sistematike e zgjidhëm çështjet për kyçje falas në edukimin parashkollor të fëmijëve Romë nga familjet e rrezikuara”, theksoi Kryeministri Spasovski. 

Kryeministri Spasovski tha se edukim cilësor parashkollor nënkupton kuadër të motivuar, ekspert dhe prandaj me reforma është bërë rritje historike e pagave të edukatoreve për 27 % në mesatare për 5.744. 

“Çdo fëmijë meriton kujdes, për zhvillimin e tij pa pengesë emocional dhe psiko-fizik. Kujdesi për fëmijët është kujdes për ardhmërinë tonë, kujdesi i gjeneratave të tashme dhe të ardhshme. Prandaj brenga jonë e veçantë është zgjidhja e çështjeve ndërtimore dhe objekteve shkollore. Prandaj, si pjesë e vizitës tonë në komunën Gjorçe Petrov, e kyçëm edhe inspektimin e punëve në rindërtimin e shkollës “Dimitar Pop Georgiev Berovski” në vendbanimin Hrom. Në ndërkohë aty me sukses po përfundon rinovimi i hapësirës së kulmit, ndërsa në oborrin e kësaj shkolle së bashku me Agjencinë për të  Rinj dhe Sport po ndërtohet edhe një projekt kapital – pishinë për not. Ky është edhe një kontribut i rëndësishëm për aktivitete sportive dhe kujdes të gjeneratave të shëndetshme fizike”, shprehu kënaqësinë e tij kryeministri Spasovski. 

Ai potencoi se Komuna Gjorçe Petrov është njëra prej komunave më aktive në raport me projektet e rëndësishme për qytetarët. 

“Pas 60 viteve, banorët e Vollkovës dhe Ormanit po bëhen me sallë sportive në Shkollën Fillore “Joakim Krçoski”, ku nxënësit prej më 1 shtator do të kenë kushtet më të mira për aktivitete fizike dhe për sport. Mbledhimet e lagjet dhe shoqërimi i banorëve të Gjorçes është sinonim për këtë komunë. Me mbështetjen e Ministrisë së Financave dhe me huamarrje nga Banka Botërore, shpejtë do të kthehet në funksion edhe korzo e njohur, e cila rreth parkut në Gjorçe Petrov ishte një nga shëtitoret më të njohura në Shkup. Në tre vitet e fundit, në këtë komunë në vazhdimësi punohej në përmirësimin e kushteve për jetesë në gjithë komunën. Në Deksion është vendosur ndriçim rrugor LED, ndërsa lagjja u bë edhe me kanalizim të ri fekal në rrugën “Crnogorska”. Në kopshtin “Kokiçe” u instaluan klima inverter, ndërsa në pjesën e ambientit jetësor- janë mbjellur 80 fidanë dhe është rinovuar pjesë e hapësirës së gjelbër. 

Qeveria në bashkëpunim me Komunën Gjorçe Petrov realizon edhe projekte tjera kapitale siç është sanimi i rrugëve, po rindërtohen mbi 60 rrugë, mes të cilave edhe rindërtimi i rrugës Vollkovë – Kuçkovë, ndërsa po ndërtohet edhe rrethrrotullim në Vollkovë”,  në fund kryeministri Spasovski. 

Ai e përfundoi deklaratën e tij me siguri të fuqishme se e premtuara po realizohet dhe se në maje të kujdesit janë qytetarët dhe interesat e tyre. 

Zëvendësministri i Punës dhe Politikës Sociale, Gjonul Bajraktar, sqaroi se këtu në Vollkovë, ku po ndërtohet një prej kopshteve më bashkëkohore te ne, investimi i përgjithshëm është mbi 80 milionë denarë, prej të cilave rreth 73 milionë denarë janë siguruar nga Ministria për Punë dhe Politikë Sociale së bashku me Bankën Botërore. Ky kopsht është dimensionuar për kujdesin e 175 fëmijëve. 

“Edhe kjo pjesë e qytetit do të fitojë kënd të ngrohtë për fëmijëri pa brenga për më të rinjtë”, potencoi zëvendësministri Bajraktar. 

Zëvendësministrja plotësuese e Punës dhe Politikës Sociale, Sanella Shkrielj, theksoi se e ardhmja e secilit shtet varet nga gjeneratat që vijnë dhe prandaj kjo Qeveri dhe Ministria e Punës dhe Politikës Sociale në mënyrë sistematike investon edhe te më të rinjtë, duke filluar me rritjen e kapaciteteve për edukim parashkollor. 

“Mënyra e vetme për të ndërtuar shoqëri të shëndetshme është të investojmë në fëmijët. Ministria për Punë dhe Politikë Sociale krijoi set masash për uljen e varfërisë fëmijërore, ndërsa edukimi parashkollor dhe zhvillimi i hershëm fëmijëror janë faktorë kyç në sigurimin e mundësive të barabarta dhe fillim të barabartë të çdo fëmije. Për arsim cilësor parashkollor nevojitet kuadër cilësor, i trajnuar dhe i motivuar. Prandaj punuam në përforcimin e kompetencave profesionale të edukatorëve, duke mundësuar zhvillim profesional të vazhdueshëm të kuadrit. Njëkohësisht, i rritëm edhe pagat e edukatoreve të cilat u përfshinë me reformën. Punuam edhe në programe të reja që duhej të hyjnë në programin për mësim të hershëm dhe zhvillim. Vendi ynë është një nga vendet e para që solli pilot-program për zhvillim socioemocional të fëmijëve në kopshte”, potencoi Shkrijel. 

Ne do të vazhdojmë ta ndërtojmë rrugën për krijimin e arsimit më të mirë evropian parashkollor. 

Kryetari i Komunës Gjorçe Petrov, Aleksandar Naumovski, në deklaratën e tij potencoi se ky objekt do të jetë krenari për të gjithë banorët e kësaj komune. 

“Kopshtin së bashku me Ministrinë për Punë dhe Politikë Sociale e ndërtojmë sipas të gjitha standardeve botërore,të adaptuara për objekt të tillë. Me lëshimin në përdorim të këtij kopshti i cili sipas dinamikës së punës do të përfundojë në afatin e paraparë, do të pranohen rreth 200 fëmijë, me të cilën dukshëm do të ulim numrin e fëmijëve që presin rend për regjistrim. Ky kopsht, mbindërtimi i kopshtit “Detelinka”, Korzo e re, pishina, salla e re shkollore sportive dhe kanalizimi fekal, janë vetëm pjesë e projekteve që arritëm ti realizojmë me ndihmën e Qeverisë. Projekt i madh të cilin dua ta përmend është edhe ndriçimi publik, të cilin tërësisht e ndryshuam me ndriçim LED”, i prezantoi faktet për kopshtin kryetari i komunës, Naumovski. 

Ai sqaroi se në Vollkovë po punohet edhe në rindërtimin e rrugës Vollkovë – Kuçkovë me rrethrrotullim në qendër të Vollkovës, gjë që dukshëm do të përmirësojë sigurinë në trafik. 

“Si ministër i Transportit dhe Lidhjeve, Vllado Misajllovski nuk arriti të asfaltojë asnjë metër në vendlindjen e tij. Ne asfaltuam mbi 60 rrugë, pjesë e bashkëpunimit me Qeverinë e udhëhequr nga LSDM. Së bashku me Qytetin, tërësisht e rindërtuam edhe arterien kryesore, rrugën “4 juli”. Dhe nuk ndalemi këtu. Përkundrazi, ne vazhdojmë të punojmë me dinamikë të përforcuar. Kemi akoma ide dhe projekte të cilat duhet ti realizojmë. Ndryshe nga udhëheqja e mëparshme lokale, ne nuk zgjodhëm në bazë të përkatësisë partiake apo tjetër përkatësi. Ne punojmë për të gjithë qytetarët dhe lëmë objekte për të gjitha gjeneratat”, theksoi Naumovski.