Средба на Мизрахи со директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување Зенељи 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување Шаип Зенељи. 

Средбата беше со цел министерката Мизрахи од права рака да биде информирана за моменталната, условно речено „кондиција” на Фондот и состојбата во институцијата бидејќи во врвот на нејзините приоритети е враќање на достоинството на пензионерите и нивната благосостојба. Тие, пензионерите, според неа се категорија на граѓани кои многу вложиле во државата и сега во деновите на нивната заслужена пензија потребен е мир и спокој во нивните животи, но и уживање во благодетите што им ги нуди државата.  

Takim i Mizrahit me drejtorin e Fondit për Sigurim Pensional dhe Invalidor, Zeneli

Ministrja e Punës dhe Politikës Sociale, Rashela Mizrahi zhvilloi takim pune me drejtorin e Fondit për Sigurim Pensional dhe Invalidor, Shaip Zeneli.

Takimi u zhvillua me qëllim që ministrja Mizrahi të marrë informacione të dorës së parë për “kondicionin” momental të Fondit dhe për gjendjen e këtij institucioni, sepse në krye të prioriteteve të saj është kthimi i dinjitetit të pensionistëve dhe mirëqenie e tyre. Ata, pensionistët, sipas saj, janë kategori qytetarësh të cilët kanë investuar shumë në shtet dhe tash në ditët e pensionimit të tyre u duhet paqe dhe qetësi në jetën e tyre, por edhe kënaqësive të përfitimeve qe i ofron shteti.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->