“СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ”


Министерството за труд и социјална политика ќе ја спроведува Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” во соработка со општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија. Имено, помошта и поддршката на социјално загрозените семејства е континуиран процес со кој Владата на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика и останатите стратешки партнери излегува во пресрет во задоволување на потребите на лицата на коишто им е најпотребна помошта.  

Со Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” ќе се намали социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго.

Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во Република Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита и претставува можност за доближување на системот до социјално ранливите групи во вистинска смисла на зборот. Донираните ствари треба да бидат функционални и употребливи (покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго) и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита  и смејствата кои немаат доволно средства за да си обезбедат мебел,покукнина и сл.

Социјално загрозените лица коишто ќе примат одредена донирана ствар, нема да може да бидат услужени со иста таква во наредните три години.

Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”.



Сакате да донирате

Граѓаните на Република Македонија коишто имаат вишок на ствари кои би сакале да ги донираат на социјално загрозени семејства можат да се јават на бесплатниот број 0800 55 800, на e-маил адресата donacija@mtsp.gov.mk, креирана за проектот на која ќе можат да доставуваат и слики или лично во просториите на месно надлежниот Центар за социјална работа, Црвениот Крст на Град Скопје или Црвениот Крст на Република Македонија.

Промотивни материјали
        

                    Спот за кампањата "Се грижиме за топол дом"

Донации



Имате потреба од донација

Граѓаните на Република Македонија кои што имаат потреба од  покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго можат да се јават на на бесплатниот број 0800 55 800, на e-маил адреса donacija@mtsp.gov.mk  или лично да се обратат во месно надлежните Центри за социјална работа и/или  во седиштата на Црвениот Крст на Република Македонија.

Поддржувачи на акцијата

Другите за акцијата

Акцијата “Се грижиме за топол дом” започна и во Општина Радовиш

И во Oпштина Радовиш почнаа првите донации од приватните компании и бизнис секторот за акцијата на Министертвото за труд и социјална политика “Се грижиме за топол дом” кој веќе се спроведува во Република Македонија.

Повеќе

Пејачката Ирена Спасовска ја поддржува акцијата „Се грижиме за топол дом“

Акцијата „Се грижиме за топол дом“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика денеска ја поддржа и пејачката Ирена Спасовска која донираше детско креветче. Пејачката Ирена Спасовска акцијата „Се грижиме за топол дом“ ја оцени како многу хумана и човечна и упати апел до сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на оваа акција.

Повеќе

Повеќе за акцијата

Повеќе информации за текот на акцијата може да се најдат на  

https://www.facebook.com/pages/%D0%A1%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB-%D0%B4%D0%BE%D0%BC/149660428569698.