30.9.2015

Спасов:Заокружено реновирањето на прилепскиот Центар за социјални работи

Заокружено е реновирањето на Центарот за социјални работи во Прилеп за подобрување на условите за работа на вработените и на граѓаните кои ги остваруваат своите права од социјалната заштита, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој направи увид во работите за реновирање на прилепскиот Центар.

Повеќе

30.9.2015

Отворен Саемот за вработување во Прилеп, прв од новиот циклус

Над 40 компании ги понудија своите можности за слободни работни места  пред прилепчани на првиот Саем за вработување од новиот циклус што ќе се реализира низ општините во Македонија.


Повеќе

29.9.2015

Пуштени во употреба градинка и дневен центар за деца со пречки во развојот во липковско Оризаре

Жителите на општина Липково од денеска имаат два нови објекти детска градинка и дневен центар за лица со посебни потреби лоцирани во селото Оризаре. Детската градинка има капцитет да прими 60 деца, додека дневниот центар за деца со посебни потреби има капацитет за згрижување 20 деца но има простор и за зголемување на капцитетот.

Повеќе

29.9.2015

Спасов ја посети компанијата „Босут“ која вработи над сто лица преку активните владини мерки

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја посети текстилната фабрика „Босут” каде што разговараше со сопственикот и ги посети погоните за производство и воедно се информираше за работата на оваа компанија која вработува 290 лица, голем дел од нив вработени преку мерките за вработување.

Повеќе

27.9.2015

Со зголемување на пензиите и социјалната помош бенефит ќе имаат 335 илјади граѓани

На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош.

Повеќе

26.9.2015

Во Штип отворен Дневен центар за аутизам

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во посета на Општина Штип каде што отвори Дневен центар за аутизам, имаше средби со граѓани и изврши увид во работите за реновирање на Центарот за социјални работи.

Повеќе

25.9.2015

Досега 9944 вработени преку мерката млади 1+1, распишан нов оглас за 700 практиканти

Седумстотини невработени млади лица од утре можат да се пријавуваат на оглас за практикантство, за што во траење од три месеци ќе добивааат надомест од државата во висина од по 6.200 денари. Тие подоцна би можеле да бидат вработени во приватните компании со искористување на некоја од мерките кои се нудат преку проектот „Македонија вработува“, иако за тоа не постои обврска кај работодавачите кои примаат практиканти. Досега само преку мерката 1+1 за млади до 29 години во рамки на овој проект се вработени 9.944 лица.

Повеќе

24.9.2015

По 50 години се реновира градинката во Козле

Со околу еден милион денари средства на Министерството за труд и социјална политика се реновира градинката  „Пролет“ во населбата Козле, Општина Карпош. Објектот е стар педесеттина години и ова е првпат тој да биде реновиран.

Повеќе

22.9,2015

Обуки за дефицитарни занимања за 300 невработени лица

Триста невработени лица од утре ќе имаат можност да аплицираат за обуки за дефицитарни занимања со цел полесно да најдат работа на пазарот на труд.

Повеќе

21.9.2015

Спасов го посети семејството Добревски во Сушица чиј дом изгоре во пожар

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја посети фамилијата Добревски во селото Сушица на кое синоќа во пожар им изгоре куќата. Најави и еднократна парична помош, но и помош за остварување на месечни парични надомести доколку условите за тоа се исполнети. 

Повеќе

21.9.2015

До крајот на септември пријавување за бања и бесплатен викенд за пензионери

Сите корисници на пензија до крајот на септември можат да аплицираат за користење услуги од проектите за бањско-климатска реакреација и бесплатен туристички викенд за 2016 година.

Повеќе

21.9.2015

Спасов: Нов пензионерски дом во Катланово

Во Катланово ќе се гради пензионериски дом кој ќе понуди модерни услови за сместување стари лица, но исто така ќе отвори од 20 до 30 работни места во општината Петровец.

Повеќе

20.9.2015

Шест кавадаречки семејства добија реновирани домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов и пратеникот во Собранието на Република Македонија Весна Пемова го посетија Дневниот центар за превенција од зависности кој е  заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и на Општина Кавадарци во износ од околу 1.500.000 денари.

Повеќе
19.9.2015

Валандово доби Дневен центар за деца со пречки во развојот

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Вaландово Николчо Чурлиновски го отворија првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Валандово.

Повеќе

16.9.2015

Твининг проект финансиран од ЕУ за унапредување на родовата еднаквост

Унапредување на капацитетите во однос на родовата еднаквост е цел на твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на родовата еднаквост во Република Македонија“, кој од денеска официјално почнува да се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Велика Британија и Северна Ирска.

Повеќе

15.9.2015

Регионална трипартитна конференција за “Формализирање на неформалната економија”

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими заедно со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, со претставникот од Меѓународната организација на трудот од канцеларијата во Скопје, Емил Крстаноски и со претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков присуствуваат на Регионалната конференција за “Формализирање на неформалната економија”, која се одржува во Бечиќи, Будва, Црна Гора, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Министерството за труд и социјална политика на Република Црна Гора.

Повеќе

12.9.2015

Тече повикот за бесплатен туристички викенд

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери, Драги Аргировски и пратеничката од Собранието на Република Македонија, Сузана  Секуловска ги посетија пензионерите кои се на бесплатен туристички викенд  преку истоимениот проект во Берово.

Повеќе

11.9.2015

За три години отворени дваесет и три приватни градинки

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов,  присуствуваше на отворањето на приватната детска градинка „Вилсон“ во Општина Брвеница, Тетово. Спасов изјави дека станува збор за значајна инвестиција во делот на предучилишно воспитување на децата од оваа Општина, чие отворање е во интерес и на родителите од околните Општини.  Градинката  ќе  нуди  квалитетни, современи и модерни услови по сите европски и светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст со голем број на едукативни содржини за децата коишто ќе го поминуваат секојдневието во оваа приватна детска градинка.

Повеќе

10.9.2015

Воспоставен ефикасен механизам за мирно решавање на работните спорови

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на конференција за медиумите организирана во рамки на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог кој е финансиран од Европската Унија, a го спроведува Меѓународната организација на трудот на тема “Мирно решавање на работни спорови”.

Повеќе

9.9.2015

Бесплатен зимски одмор за 1000 деца во 2016 година

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на прес конференција ја информираше јавноста за реализацијата на Проектот за бесплатен зимски одмор за децата коишто доаѓаат од семејствата кои се корисници на социјална и постојана парична помош, децата коишто се со пречки во развојот, деца чиишто родители се корисници на посебен додаток и децата без родители и родителска грижа.

Повеќе

5.9.2015

Спасов: Објавен повик за бесплатен викенд за пензионерите за 2016

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети пензионерите кои преку проектот на Министерството престојуваат на бесплатен викенд во Охрид, при што соопшти дека е објавен и повикот за бесплатен туристички викенд за наредната 2016 година.

Повеќе

4.9.2015

Објавен јавен повик за бесплатна бањско-климатска рекреација

Македонија бележи конкретен развој во зајакнување на стандардот на пензионерите. Од 2006 година до денес, ја зголемивме просечната пензија за цели 70 проценти, а најниската за рекордни 84 отсто. Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, а во октомври 2015 истата ќе изнесува 13.073 денари.

Повеќе

3.9.2015

Изедначени и зголемени платите на вработените во АВРМ

Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на администрацијата и државната управа првпат по 30 години потпишаа Колективен договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Агенција за вработување на Република Македонија. Со Договорот, меѓу другото се исправа и триесетгодишната нееднаквост и разликата во платите на вработени на исти работни позиции и со исти задачи.

Повеќе

2.9.2105

Нови можности за вработување на лица со инвалидност

“Секое лице со инвалидност има свои способности и знаења. Наша задача и цел како институции е да им помогнеме да ги реализираат и да ги искористат можностите што ги нуди државата за таа цел.  Токму во таа насока е и овој нов проект на Владата на РМ „Грант за самовработување на лица со инвалидност“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред одржувањето на трибината за самовработување со грант за инвалиди.

Повеќе