27.9.2018

Царовска во Њујорк: Македонија го почитува принципот на отворено владино партнерство и создава силни институции кои им служат на граѓаните 

„Македонија е земја која го почитува принципот на отворено владино партнерство што директно значи создавање на силни институции во дијалог со граѓанското општество кои  им служат на граѓаните. Градењето правда на сите нивоа во државата значи и создавање на демократски капацитет кој е неопходен за сите општетсва во развој“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на  настанот „Време е за акција -Правда за сите 2030“, што се одржува во Њујорк  во организација на Фондацијата Отворено Општество.

Повеќе

21.9.2018

Намалувањето на сиромаштијата почнува од децата

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се обрати на Конференција за детска сиромаштија која ја организираа Министерството за труд и социјална политика во соработка со Светска банка и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Експерти од областа на детската сиромаштија, претставници од владини и академски институции на конференцијата дискутираа за решенија кои ќе помогнат да се стави крај на детската сиромаштија во земјата. Со оглед на тоа што 100,000 деца – секое четврто дете – живеат во сиромаштија, учесниците се согласија дека овој проблем бара преземање итни мерки.

Повеќе

20.9.2018

МТСП: Со двата нови Дневни центри во Велес и Кочани помагаме во развој и во вклучување во социјалниот живот на лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска отвори Дневни центри за лица со попреченост, во Велес и во Кочани. Центрите се опремени по најсовремени стандарди и со нив треба да се зголеми квалитетот на животот на децата и на лицата со попреченост во овие два града и oколината.

 

Повеќе

20.9.2018

Одржана шеста седница на Советот за социјална сигурност

На 20.09.2018 се одржа шестата седница на Советот за социјална сигурност на која што имаше Презентација на физибилити студијата за пензионерските домови со коишто управува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Повеќе

19.9.2018

МТСП: Отворен Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп - сервисите како овој помагаат лицата со попреченост да се вклучат во општеството 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Илија Јовановски, денеска го отворија Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. Центарот е направен и опремен по највисоки стандарди, а дворот и влезот се приспособени за потребите на овие лица.

 

Повеќе

19.9.2018

Регионален состанок за унапредување на состојбата на децата во Западен Балкан и Турција

Министерка за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на Регионален состанок за унапредување на состојбата на децата во Западен Балкан и Туција на која тема беше заштитата на децата од насилство и унапредувањето на социјалната инклузија на децата со попреченост. На дводневниот регионален состанок присуствуваат претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција, Косово и Македонија.

 

Повеќе

18.9.2018

Започнуваат темелни реформи на системот за социјална и детска заштита - четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700 денари 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ги презентираа реформите на системот за социјална и детска заштита, коишто започнуваат од почетокот на следната година.  Реформата, како што рече Премиерот, пред се ќе значи надградба на социјалната парична помош, односно ќе се воведе минимален гарантиран приход. Со тоа како што истакна Премиерот Заев, граѓаните од ранливите категории секој месец ќе добиваат соодветен износ со којшто ќе можат да ги задоволат своите основни потреби. 

Повеќе

17.9.2018

Царовска: Дневниот центар ќе го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во Македонска Каменица 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со градоначалничката Соња Стаменкова и претсавници од УНДП денеска го отворија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Македонска Каменица. Центарот е со површина од 200 квадратни метри и има просторија за рехабилитација.„Овој дневен центар многу ќе значи и ќе им го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во Македонска Каменица и околните места. Центарот е отворен за целото општество, и во мементот го посетуваат 16 лица кои ќе ја добијат потребната нега, едукација и социјализација. Во центарот со лицата со попреченост ќе работат логопед, социјален работник и две негователки“, изјави министерката Царовска.Градоначалничката Стаменкова истакна дека во дневниот центар покрај лицата со интелектуална попреченост до 18 години ќе бидат опфатени и возрасни лица.

 

Повеќе

16.9.2018

Одржана информативна бизнис средба – владата заедно со ундп и бизнис секторот креираат мерки за намалување на невработеноста

Владата на Република Македонија, со поддршка на УНДП, денеска го собра бизнис секторот на информативна бизнис средба, за да ги слушне нивните потреби за креирање на нови мерки за намалување на невработеноста и зголемување на развојот на бизнисот.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која што ја отвори дебатата истакна дека идејата на настанот е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

Повеќе

15.9.2018

Отворен првиот Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги во Кочани

Под слоганот #СеГрижимеЗаедно и #ДомашнаПосета денеска во Кочани беше отворен првиот Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги, пилот услуга на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, а поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Повеќе

14.9.2018

Започна јавната расправа за Предлог-законот за практиканство – младите лица ќе стекнуваат практични вештини преку платена работа

Денес започна јавната расправа за целосно новиот Предлог закон за практиканство, со кој во правни рамки се става оваа дејност и преку кој се дефинираат правата и обврските на практикантите - лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар. Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, потенцираше дека со овој закон, кој за првпат се воведува во правната регулатива на Република Македонија, се пополнува една празнина и на одреден начин се решава јазот помеѓу знаењата и вештините и понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

Повеќе

13.9.2018

МТСП: Владата ја усвои Националната стратегија „Тимјаник“, Македонија во Женева доби поддршка за процесот на деинституционализација

Владата на Македонија на последната седница ја усвои Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ (2018-2027), а Македонија доби искрена поддршка и честитки за започнатиот процес на деинституционализација на 20. Сесија на Комитетот за правата на лицата со попреченост што се одржа неделава во Женева.  

 

Повеќе

11.9.2018

Царовска: Владата ги усвои законските измени, се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Владата денеска на седница усвои измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување  со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието на Македонија, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година.

Повеќе

5.9.2018

Во тек обуките за интегрирано управување со случаи

Во тек се обуките за управување со случаи кои се дел од реформата на социјалната заштита, а ги спроведува Министерството за труд и социјална во партнерство со УН агенциите и Агенцијата за вработување. По завршувањето на обуките во Македонија ќе се воспостави систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот.

Повеќе

5.9.2018

МТСП: Тече пријавувањето за новата поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата

Министерството за труд и социјална политика ги известува работодавачите од трудоинтензивните дејности дека е во тек пријавувањето за новата поддршка за раст на плати. Фирмите кои сакаат да ја искористат финансиската поддршка за раст на плати, ги информираме дека може да аплицираат во Управата за јавни приходи, преку системот за Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН). Поддршката позитивно ќе влијае на растот на животниот стандард на работниците и продуктивноста на компаниите.

Повеќе

2.9.2018

Повисок стандард, грижа и заштита на пензионерите врвен приоритет на Владата- претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги отворија пензионерските спортски игри во Радовиш

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерската за труд и социјана политика Мила Царовска, денеска во Радовиш ги отворија 23-те Пензионерски спортски игри. Игрите ги организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а се под покровителство на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе