Д

  • Деловници  на Фондот - се служби за на Фондот на ПИОМ кои не одлучуваат за права туку само вршат собирање на потребните документи за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување и евиденција на пензискиот стаж и плати.
  • Диверзификација - разновидност на инструменти во кои се инвестира со цел намалување на ризикот
  • Доброволен пензиски фонд - е отворен инвестиционен фонд основан и управуван од друштво за управување со доброволни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, согласно со овој закон;
  • Доброволна индивидуална сметка - е сметка на име на член во доброволен пензиски фонд на која членот или друго лице за него уплаќа доброволни придонеси на доброволна основа или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата.
  • Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - е третиот пензиски столб. Третиот столб е доброволен, во него може да членува секое лице на возраст од 15 до 70 години.
  • Договори за социјално осигурување - се билатерални договори кои Република Македонија ги има случено со други држави за регулирање на права од пензиското и инвалидското осигурување, повреда при работа и професионална болест, здравствено осигурување (болест и мајчинство), детска заштита и осигурување во случај на невработеност (види http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=4F8A531229014940B75356719BBC124F ).
  • Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен- е второстепен орган кој решава по жалба поднесена на решение донесено од Фондот на ПИОМ за права од пензиското и инвалидското осигурување. Работата на Државната комисија е уредена со Закон за основање на Државна комисија за решавање во управна постапка од работен однос во втор степен.
  • Друштвата за управување со приватните пензиски фондови  - се правни лица кои имаат дозвола да управуваат со приватните пензиски фондови. Тие се основаат и работат согласно Законот за трговски друштва и имаат единствена дејност – управување со пензиски фондови. 
  •  Друштво за управување со доброволни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува единствено со доброволен пензиски фонд.
  • Друштво за управување со задолжителни  и доброволни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува со задолжителен пензиски фонд и со доброволен пензиски фонд.
  • Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува само со задолжителен пензиски фонд, согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.