Фаза на основање

Со прогласувањето на независноста на Република Македонија, политичкото и економското ниво на развој на државата се карактеризираше со зголемена невработеност, сиромаштија, несовршен пазар, нецелосно дефинирана регулативна структура и слично. Токму со предизвици од ваков вид се соочуваа сите иницијативи за реформски зафати.

Со помош на уставни и законски средства и со вклучување на социјалниот аспект во инструментите на политиките за борба против сиромаштијата, во овој период се обезбеди целосна покриеност на социјалните права. На оваа точка се трасираше патот на македонската социјална држава. Почетната траекта дозволи и автомна улога на социјалната заштита.

Мерките на социјалната заштита беа вклучени во законската регулатива и конкретно во Законот за семејство (1992). Несомнено, овие мерки беа евидентно присутни во иницијативите за борба против сиромаштијата.

Надоместоците за социјална заштита за ранливите семејства со вкупен приход под нивото за пристоен живот беа воведени со "Програмата за социјално загрозеното население", прифатена во 1992 година. Највисокото ниво на заштита ги покриваше најнеопходните потреби на просечно четиричлено семејство преку поединечни готовински надоместоци по член на семејство. Оваа шема доведе до парадоксален резултат во работењето, дестимулирачка и неправедна распределба на вредноста по семејство.

Оваа фаза на развој на социјалната заштита се окарактеризира со расправа за ефикасноста и ефективноста на социјалната заштита. Со водењето на расправата се промени фокусот на политиката од политика за традиционална грижа на прашањето за границата на сиромаштија.

Со утврдувањето на националната граница на сиромаштијата во 1996 година се утврдија условите за регулирање на социјалната политика од макроекономска гледна точка. Овој развој беше поддржан од зголемувањето на капацитетот во секторот за лични социјални услуги, каде се спроведоа проектите за инфраструктурата и надградување на способностите за центрите за социјална работа.

Нивото и видот на надоместоците се изменија и тоа доведе до донесување на нов закон за социјална заштита во 1997 година, со кој се утврдува општиот и категоричниот план за минимални примања за сиромашните лица без доволно средства за пристоен живот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }