И

  •  Инвалид на трудот - инвалид на трудот е осигуреник кој врз основа на инвалидност ги остварува правата од пензиското и инвалидското осигурување.
  • Инвалидска пензија - е пензија која се остварува кога кај осигуреникот ќе настане општа неспособност за работа или професионална неспособност за работа по навршени 50 години на живот.
  • Инвестирање на средства - средствата од вториот пензиски столб кои членовите ги плаќаат како дел од придонесот за пензиско и инвалидско се инвестираат во различни инструменти со различен ризик, при што задолжително мора да се има во предвид сигурноста и диверзификацијата на ризикот.
  • Индивидуална сметка - осигуреникот кој плаќа придонес во вториот пензиски столб има индивидуална сметка и е член во задолжителен пензиски фонд.