Информации за мирно решавање на работните спорови

 

КОЛЕКТИВНИ РАБОТНИ СПОРОВИ

Колективен работен спор се смета спор по повод склучување, измена, дополнување или примена наколективен договор, остварување на правата на синдикално организирање и штрајк.

Помирувач се смета лице кое дава помош на страните во колективниот спор со цел да склучат спогодба зарешавање на спорот.

Постапката за помирување на колективниот спор се води пред Одборот за помирување, кој го сочинуваатеднаков број на претставници од страните во спорот, и помирувачот, кој нема право на одлучување.

Помирувачот е должен да закаже расправа во рок од три дена од денот на приемот на предлогот и документацијата.

Претставниците на страните во спорот на расправата ги изнесуваат своите ставови и предлози.

Помирувачот има право и одвоено, надвор од расправата, да прибави информации и други податоци од претставниците настраните во спорот.

Одборот ја заклучува расправата во рок од 20 дена од денот на отворањето и донесува препорака за начинотна решавање на спорот.

За препораката е потребно да гласаат сите членови на Одборот.

Ако Одборот не донесе препорака во рок од пет дена, помирувачот може да предложи препорака. Ако страните ја прифатат препораката, склучуваат Спогодба за решавање на спорот.

Ако предмет на спорот е колективен договор,препораката претставува составен дел од колективниот договор, ако предметот не е колективен договот,Спогодбата има сила на судско решение.

Страни вклучени во процес на колективно договарање може да поднесат предлог до Министерството за труди социјална политика (во понатамошниот текст: МТСП) за учество на помирувач во процесот на колективнодоговарање, со цел да укаже помош и да спречи настанување спор, без право да наметне решение.

ВАЖНО! Во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес или во дејностите во кои прекинот наработата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери(електросптопанство, водостопанство, сообраќај, поштенски дејности, комунални дејности, производство наосновни прехранбени производи, здравствена и ветеринарна заштита), страните во спорот се должни веднашда поднесат заеднички предлог за мирно решавање на колективниот спор. Доколку страните не поднесатзаеднички предлог се должни да го известат министерството надлежно за работите од областа на трудот, коево рок од два дена од денот на настанување на штрајкот или спорот во горенаведените дејности, по службенадолжност покренува постапка за помирување и определува помирувач од Регистарот. Во тој случај постапкатазавршува во рок од десет дена од поднесувањето на предлогот за мирно решавање на колективниот спор. Завреметраењето на постапката, штрајкот е во мирување.

 

ИНДИВИДУАЛНИ РАБОТНИ СПОРОВИ

Индивидуален работен спор е спор по повод откажување на договорот за вработување и неисплата на плата.

Арбитер се смета лицето кое одлучува за предметот на индивидуалниот спор.Ако меѓу страните во индивидуалниот спор тече судска постапка од иста правна и фактичка основа, страните воспорот се должни на судот заеднички да му поднесат барање за прекин на постапката.

Арбитерот е должен да закаже расправа во рок од три дена од денот на приемот на предлогот идокументацијата.

Расправата се одржува во присуство на страните во спорот и арбитерот.

Секоја страна воспорот може да го повлече предлогот за покренување постапка пред арбитерот најдоцна до денот наотворањето на расправата.

Страните во спорот имаат право пред арбитерот да се изјаснат за предметот на спорот и да одговараат нанаводите на другата страна во спорот.

Страните во спорот имаат право да даваат завршен збор на расправата.

Арбитерот донесува решение за предметот на спорот во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата.

Против решението не е дозволена жалба. Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето настраните во спорот.

Страните во спорот се должни да го известат судот за донесувањето на решението, акопостапката пред судот е прекината.

 

ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Мирното решавање на работните спорови се заснова на начелата на доброволност, неутралност инепристрасност.

 

ПОСТАПКА

Стручно-административните работи во врска со мирното решавање на колективните и индивидуалнитеспорови ги врши Министерството за труд и социјална политика.

Постапката за мирно решавање на работен спор се покренува со поднесување предлог во писмена форма до МТСП.

Страните во спорот може заеднички или поединечно да го поднесат предлогот, кој содржи име, презимеи адреса, односно назив и седиште на страните во спорот и предметот на спорот.

Кон предлогот, страните доставуваат документација, како и имиња на сведоци, ако ги има.

Ако предлогот го поднела една од страните во спорот, МТСП ги доставува предлогот и документацијата додругата страна, која во рок од пет дена треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот.

Ако другата страна не се изјасни во дадениот рок, ќе се смета дека предлогот не е прифатен.

Страните спогодбено ги бираат помирувачот/арбитерот од Регистарот, во рок од пет дена од денот наприфаќањето на предлогот.

Ако страните спогодбено не определат помирувач/арбитер, го определува МТСП од Регистарот.

МТСП го доставува предлогот и документацијата во врска со предметот на спорот на помирувачот/арбитерот,кој е определен за конкретниот спор, во рок од три работни дена од денот на негово определување.

 

ВАЖНО! Министерството за труд и социјална политика го покрива надоместокот за помирувачот, односно арбитерот. Секоја страна во спорот ги сноси своите трошоци во поглед на начинот на меѓусебното обесштетување на учесниците во мирното решавање на спорот во текот и во врска со водењето на постапкатаза мирно решавање на спорот.

 

Поддржано од Унапредување на социјалниот дијалог

Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот