ПОВИК 

Повик за условен паричен надоместок

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на социјална парична помош во чии што домаќинства има членови кои што се редовни ученици во средно образование дека започнува поднесувањето на барањата за вклучување во Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2016/2017 година. Износот на Условениот паричен надоместок е 12.000,00 МКД на годишно ниво и овие средства се исплаќаат на мајката на ученикот. Правото на УПН едно домаќинство може да го оствари за повеќе од едно дете. Исто така, ги повикуваме корисниците на ова право да пополнат барање во месно надлежниот Центар за социјална работа и  со барањето да приложат  потврда за редовен ученик од училиштето во коешто е запишан ученикот што е единствен услов за вклучување во програмата.

Подетални информации за Програмата за условен паричен надоместок за средно образование и начинот на аплицирање може да се најде  на: http://mtsp.gov.mk/najcesto-postavuvani-prashanja-i-odgovori-za-usloven-paricen-nadomestok.nspx