Економско -социјален совет

Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од  Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности  на Република Македонија како демократска и социјална држава.

Потписници на спогодбата за формирање на Економско-социјалниот совет се Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.


 

 Структура 

Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови:четири члена именува Владата на РМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Македонија. 

 Претседател на Економско-социјалниот совет

  • Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

Членови на советот 

Име и презиме функција во ЕСС    функција 
Мила Царовска претседател-член министер за труд и социјална политика 
Елми Азири  заменик член заменик министер за труд и социјална политика
Кочо Анѓушев член  заменик претседател на Владата на Република Македонија
Софче Јовановска заменик член шеф на кабинет
Драган Тевдовски член  министер за финансии 
Гзим Беадини Заменик член заменик министер за финансии 
Крешник Бектеши член министер за економија
Кире Наумов  заменик член заменик министер за економија
Дарко Димовски член и заменик претседател на ЕСС в.д. претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)
Пеце Ристески  заменик член Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Роберт Симоноски член  Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Живко Даневски заменик член  Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Благоја Ралповски  член  Претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Јаким Неделков   член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Зоран Антовски заменик член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Димче Дамчевски заменик член Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)
Ангел Димитров член и заменик претседател на ЕСС Претседател на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) 
Невенка Ристовска
заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) 
Анета Петровска-Русомарски член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Марија Перкова заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Бети Саздовска Содиќ член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Николина Миланова заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Томе Петковски член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Борис Хрисафов заменик член Член на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)

 Управување  

Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:

  • претседател и двајца заменици на претседателот
  • секретар

Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција. 

Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата. 

Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.

 Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.

 Надлежности

  • ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
  • му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
  • им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
  • дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
  • ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
  • го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
  • дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.


-Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.  

-Економско социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на советот. 

Заклучоци 

Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци.Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РМ и Собранието на РМ.