Т

  • Тековно финансирање - претставува финансирање на основа на генерациска солидарност, односно придонесите од сегашните вработени се користат за исплата на пензиите на сегашните пензионери.
  • Телесно оштетување-е  загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност.
  • Трансакциски провизии - се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на доброволните пензиски фондови.
  • Транспарентност- членовите и пензионираните членови на пензиските фондови добиваат редовни и детални извештаи за своите средства и друштвата за своите активности редовно ја известуваат јавноста и членовите.
  • Тростолбен пензиски систем - пензискиот систем  во Република Македонија е составен од три столба и тоа: задолжително пензиско и инвалидско осигурување или прв столб; задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или втор столб и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување  или трет столб.