У
-
Управен одбор на Фондот на ПИОМ - орган на управување на Фондот и има седум члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години.
-
Управна постапка - за остварување на права од пензиското и инвалидското осигурување се применува Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за општа управна постапка.
-
Усогласување на пензии - се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просеч исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходиа пензии.
|
|