1.12.2017

Се решава проблемот на стечајците - врачени првите решенија за надоместок

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги врачи првите решенија на граѓани опфатени со Законот во јавноста познат како „Закон за стечајци“.

Со законот се овозможува месечен надомест од околу 7.500 денари за стечајците.

Повеќе

5.12.2017

Царовска: Секое дете заслужува шанса, секое дете е важно 

Поддршката на семејствата и интервенцијата во раниот детски развој е еден од врвните приоритети на Владата, изјави министерката за труд и социјална политка Мила Царовска во своето обраќање на конференцијата „Квалитетно образование - за раст и развој”. Таа потенцираше дека инвестициите во човечкиот развој играат клучна улога во економскиот успех на нацијата. Преку нив се овозможува градење на способна и продуктивна работна сила, и минимизирање на социјалните проблеми. Интервенциите во раното детство ги зајакнуваат спосoбностите на децата за учење, соработката со другите, трпеливоста и развивање на други способности кои се основа за формалното учење и социјалната интеракција во училиштето и надвор од него.

Повеќе
5.12.2107

Извршено ажурирање на веб страницата на министерството

Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека во насока на поголема транспарентност и отчетност изврши ажурирање на официјалната веб страница www.mtsp.gov.mk со податоци кои до сега не беше пракса да се отворени и достапни за јавноста.

Повеќе

6.12.2017

Отворени три нови регионални центри за бездомни лица и проширување на постоечкиот во Скопје 

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвен Крст за прв пат отвори три нови интервентни престојувалишта во Битола, Струга и Струмица, а ги прошири и постоечките капацитети на центарот „Момин Поток“ во Скопје. Во овие центри бездомните лица ќе може да ја поминат ноќта на топло и безбедно место, да добијат оброк и психолошка и медицинска поддршка. 

Повеќе

7.12.2017

МТСП активно ќе ја поддржува работата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната седница на Националниот совет за безбедност и здравје при работа изјави дека активно ќе ја поддржува работата на овој значаен Совет преку Секторот за труд при МТСП, чии капацитети ќе бидат проширени со цел да се одговори на потребите и задачите. Според неа, потребно е членовите на Советот, како ветерани во борбата за подобрување на состојбите со безбедноста и здравјето на работното место,  да даваат свое мислење за сите закони и други регулативи кои се поврзани со оваа проблематика.

Повеќе

12.12.2017


Буџет на МТСП за 2018 година-повеќе пари за детски градинки и минимална плата, укинати нерационални трошоци

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа прес-конференција на која го презентираше предлог буџетот на Министерството за 2018 година. Со предвидени  43 милијарди 375 милиони и 583 илјади денари, буџетот на Министерството за труд и социјална политика е со највисок износ од сите владини ресори, а најголемиот дел од средствата одат директно кај граѓаните. 

Повеќе

21.12.2017

Средба Царовска-Јевтиќ: Во 2018 година да го затвориме прашањето на бегалците од конфликтот во Косово 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменикот на премиерот и министер за заедници и враќање на Република Косово Далибор Јевтиќ остварија средба на која се разговараше за планот за враќање на граѓани од Косово кои сѐ уште се на територијата на Република Македонија како последица на воениот конфликт во 1999 година.

Повеќе

22.12.2017

Царовска: Родово одговорните буџети се клучни за создавање еднакви можности за жените и за мажите

,,Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна, е буџетите да станат родово одговорни’’ – изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на тркалезна маса на тема: ,,Стратегија за воведување на родово одговорно буџетирање- 5 години потоа’’ во организација на Министерството за труд и социјална политика и UN Women.

Повеќе

25.12.2017

Царовска во дводневна посета на Заводот Демир Капија-темелни здравствени прегледи, поквалитетна исхрана и подобра грижа за штитениците

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е во дводневна работна посета на ЈУ Специјален завод Демир Капија со цел да направи личен увид во организациските промени и стручната работа, а во насока на подобрување на условите во Заводот.

Повеќе

27.12.2017

,,Зимска бајка” и новогодишни пакетчиња за децата сместени во институции во надлежност на МТСП

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со децата сместени во институции во надлежност на Министерството за труд и социјална политика ја проследија претставата ,,Зимска бајка” која беше овозможена благодарение на актерите и вработените на Театарот за деца и младинци.   

Повеќе

27.12.2017

Конститутивна седница на Национално координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување 

,,Децата се најранливата категорија кога станува збор за насилство и занемарување и затоа треба да им се посвети посебно внимание и грижа. Траумите од претрпено насилство и недостиг на грижа во детството, оставаат неизбришливи траги и последици во понатамошниот живот на човекот и затоа превенцијата треба да биде врвен приоритет во сите активности’’-изјави министерката Царовска на конститутивната седница на Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување. Според неа, заштитата и превенцијата  бара мултисекторски пристап, кој се овозможува токму преку работата на ова тело.

Повеќе

28.12.2017

Царовска подели подароци од „Волшебната елка на желби” на децата сместени во згрижувачки семејства

Министерката Мила Царовска денес во Рамстор Мол предаде десетина подароци на децата сместени во згрижувачки  семејства. Овој настан е дел од „Волшебната елка на желби“ чија цел беше на децата сместени во згрижувачки семејства да им се овозможи подарок според нивните желби.

Повеќе

29.12.2017

МТСП: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Денес, Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата – приматели на социјална помош.

„Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел - да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, изјави министерката Царовска.

Повеќе