Фаза на институционален развој

Дополнителната улога на социјалното осигурување во рамките на социјалната заштита за прв пат беше регулирано со донесувањето на Законот за социјална заштита во 1997 година.

Реформата ги доближи националните ставови за социјалната помош поблиску до Европската гаранција на минимални примања.

Покрај Законот од 1997 година, мерките за социјална заштита се проширија на децата преку донесување на Законот за заштита на децата (2000 година). Овој закон го воведе модерниот систем за служби за детски додаток, заштита и рекреација.

Универзалните програми за детски додатоци, историски се покажале како најефикасни непридонесни надоместоци против сиромаштијата.

Политиката за семејството всушност има целосен ефект на учеството на жените во работната сила и на работната продуктивност, бидејќи тие ги поттикнуваат на работа семејствата што се малку над или малку под границата на сиромаштија. Универзалните семејни надоместоци го спречуваат појавувањето на високи социјални разлики во одгледувањето на децата.

Примената на поединечната граница на сиромаштија го намалува и спречува развојот на дискриминаторните или нееднакви резултати, каде пристапот на луѓето до надоместоците и покриеноста зависи од местото Централниот македонски план за минимални примања и локалната испорака ја укинаа распределбата на непродуктивниот фонд.

За да се избегнат редовните "фаќања во стапицата на сиромаштијата", нивото на надоместоци остана многу под нивото на платите на голем дел од работниците, особено во ниско платените земјоделски дејности. Со решавањето на размената на постоечката помош за вработување, овие реформи обезбедија финансиски доволен начин за стратегија на долгорочна гаранција за минимални примања.

И покрај стратегиите врз основа на правата, периодот од 1997-2000 година се карактеризираше со политика за одговор на Косовската криза (март-јуни 1999 година). Поранешната Југословенска Република Македонија прими повеќе од 350.000 бегалци (повеќе од 18% од вкупното население): камповите беа направени за да ги примат бегалците, а социјалните установи обезбедија поддршка во натура или услуги.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }