20.02.2024

Започна расчистувањето на Ранка Милановиќ"

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски по вчерашното обелоденување на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во Ранка Милановиќ",  денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја започнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот. 

Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект.

Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието", изјави Велковски. 

Градоначалникот Стефковски изрази благодарност до министерот Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение на овој проблем.

Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на ѕид од страна на Владата и министерството за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор", рече Стефковски. 

Инаку, министерот Велковски вети на системско решение за да овие луѓе добијат достоинствено социјално домување, што е во согласност со сите конвенции за заштита на човековите права. Жалиме што на ваков начин го одбележуваме денот на социјалната правда, а за жал последниве шест години овие луѓе живеат во социјална неправда. 

Министерот Велковски и градоначалникот Стефковски со помош на Црвениот крст на Град Скопје доделија скромни пакети со храна и хигиенски производи. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }