Центар за социјална работа

Надлежности на центрите за социјална работа

 Центрите за социјална работа, во однос на делокругот на работа влегуваат во рамките на секторот за социјална заштита при Министерството за труд и социјална работа. Согласно законската регулатива, центарот за социјална работи функционира како стручна установа со јавни овластувања заради вршење работи од социјалната заштита.

Како јавни овластувања, центарот за социјална работа ги врши следните работи:

  • решава за правата од социјална заштита,
  • решава за работите утврдени со семејно-правните прописи,
  • постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи,
  • врши други работи утврдено со закон.

При спроведување на социјалната заштита и стручната работа, центарот:

  • открива, следи и проучува социјални појави и проблеми,
  • применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита и непосредно помага на граѓанин, семејство или група на население,
  • ја развива превентивната работа,
  • развива и спроведува вонинституционални опблици на социјална заштита,
  • поттикнува, организира и координира волонтерски на граѓани, нивни здруженија, хуманитарни организации, организации во спроведување на програми за социјална заштита,
  • врши и други работи утврдени со закон.

Контакти со центрите за социјална работа