Институционалната заштита

Институционалната заштита опфаќа право на оспособување за работно-производна активност и право на сместување во установа за социјална заштита.

Право на оспособување за работно-производна активност

Право на оспособување за работно-производна активност има лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој.  Ова право опфаќа упатување во установа за социјална заштита или во друго правно лице кое ги исполнува потребните услови, надоместок на трошоци за сместување и исхрана, надоместок на трошоци за оспособување за работно-производна активност и надоместок на трошоци за превоз. 

Право на сместување во установа за социјална заштита


Право на сместување во установа за социјална заштита, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установа за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита. 

Право на сместување во установа за социјална заштита, се обезбедува на: 

  • дете без родители  и дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршувањето на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да се обезбеди на друг начин;
  • дете со воспитно-социјални проблеми, занемарено, запоставено, злоставувано, материјално необезбедено дете и дете жртва на семејно насилство;
  • дете со нарушено поведение;
  • бремена жена еден месец пред породувањето и самохран родител со дете до тримесечна возраст;
  • лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој упатено на оспособување за работно-производна активност, лице со длабоки пречки во менталниот развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега ;
  • старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбената и семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг начин и
  •  лице  барател на право на азил.