31.3.2015
Камен темелник на детска градинка во Јегуновце
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, поставија камен-темелник на нова детска градинка во Општина Јегуновце, Тетово.
Повеќе
30.3.2015
Мерките за вработување стимулација на бизнис заедницата за нови работни места
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на Форумот со работодавачи „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“ во организација на Сојузот на стопански комори. Во своето излагање пред присутните тој истакна дека Владата на Република Македонија, во фокусот на своите економски политики го има зголемувањето на вработеноста, со дефинирани чекори кон повеќе целни групи. Тоа се остварува преку широк спектар на програми и мерки, преку олеснување на пристапот до пазарот на трудот, воведување на разни поволности за работодавачите.
Повеќе
26.3.2015
Потпишана Програма за пристојна работа 2015-2018
Преку мерката за вработување на млади со ослободување од плаќање на придонеси досега вработени 7542 лица
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на потпишувањето на Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа. Во своето обраќање Спасов укажа дека Владата на Република Македонија, цврсто опстојува на стратешката определба за создавање на услови за пристојна работа и достоинство на трудот, заедно со социјалните партнери во рамки на конструктивниот социјален дијалог,имплементирајќи ги меѓународните стандарди со кои се надградува системот и се создаваат нови можности за сите, за поквалитетен живот.
Повеќе
25.3.2015
Седум центри за социјални работи ќе бидат реконструирани
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети Центарот за социјална работа во општина Демир Хисар и општина Крушевo, при што го означи почетокот на втората фаза на реконструкција и реновирање на Центрите за социјална работа во Република Македонија.
Повеќе
20.3.2015
МТСП инвестира во седум нови Дневни центри во 2015
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец, свечено го отворија Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Повеќе
19.3.2015
Обука кај познат работодавач можност за 1000 невработени лица
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, одржаа конференција за медиумите на која што информираа за мерката Обука кај познат работодавач.
Повеќе
18.3.2015
Донирани машини за пишување на Брајово писмо
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов додели 30 машини за пишување на Брајово писмо за децата од Дневниот центар за деца со оштетен вид и Државно училиштето за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Повеќе
17.3.2015
Средба Спасов-Велиај
Потпишан Договор меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари билатерална средба со министерот за социјална сигурност и млади на Република Албанија, г. Ерион Велиај.
Повеќе
12.3.2015
Работна средба на државниот секретар Хусејин со делегација од Португалија
Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин оствари тематска работна средба со делегација на Португалија предводена од Бруно Макаеш, државен секретар за европски работи на Португалската Република. Тема на разговор беше Твининг проектот за родова еднаквост.
Повеќе
5.3.2015
Оглас за Програмата за практикантство, ќе учествуваат нови 1000 лица
Нови 1.000 млади лица годинава може да стекнат пракса во компаниите кои ќе се пријават за учество во Програмата за практикантство, а со тоа да добијат и можност за вработување. Програмата ја спроведува Агенцијата за вработување од 2009 година, а досега од потпишани 1.400 договори вкупно се вработени 1.070 лица. Учествуваат компании од разни сектори, но најчесто од услужниот, производство, правни и сметководствени бироа.
Повеќе
4.3.2015
Вработени уште 30 деца без родители
На 30 лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа денеска им беа врачени решенија за вработување во државната и јавната администрација согласно Програмата за вработување Д-10. Досега врз основа на оваа програма се вработени 83 лица, а денеска завршува огласот за вработување на уште 30 лица.
Повеќе
2.3.2015
4 мерки за кредитирање за отворање на нови работни места
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски ги промовираа 4 мерки за кредитирање за отворање на нови работни места и за поттикнување на самовработувањето и формирањето на сопствени бизниси во Република Македонија.
Повеќе