27.11.2016

Одговор на МТСП во врска со написите дека синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ

Почитувани,

Во врска со написите дека синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ, Министерството за труд и социјална политика уште еднаш потенцира дека:

Согласно со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи, заради остварување на своите економски и социјални права, работниците имаат право по свој слободен избор да основаат синдикати и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статут нa синдикатот.

Повеќе

26.11.2016

Реакција на МТСП во врска одржаната прес конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, Јаким Неделков 

Почитувани,

Во врска со одржаната прес конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, Јаким Неделков, и изнесените невистини Министерството за труд и социјална политика во интерес на вистината должно е да реагира и да појасни за што тоќно станува збор. 

 

Повеќе
25.11.2016

Ташевска-Ременски: Потребна е поголема и посуштинска координација помеѓу институциите кои соработуваат по предметите за семејно насилство

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на одбележувањето на 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените во рамки на меѓународната кампања за подигнување на свеста ,,16 дена активизам против родово насилство“, во свое обраќање потенцираше дека семејното насилство не треба и не смее да се игнорира од одговорните институции на сите нивоа и во духот на годинешниот слоган со кој се одбележува кампањата порача дека е време да се вклучиме за да го исклучиме насилството! 

Повеќе

24.11.2016

Реакција на МТСП во врска со написите и доставените реакции во однос на промената на претседателот на Сојуз на Синдикати на Македонија Живко Митревски

Почитувани,

Во врска со реакциите во однос на промената на претседателот на Сојуз на Синдикати на Македонија Живко Митревски, Министерството за труд и социјална политика Ве известува:

Согласно со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи, заради остварување на своите економски и социјални права, работниците имаат право по свој слободен избор да основаат синдикати и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статут нa синдикатот.

Повеќе

24.11.2016

Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Петровиќ од Волково

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството Петровиќ од Волково кое има две деца со посебни потреби.

Повеќе

23.11.2016

Ташевска-Ременски: 134 починати лица од Тетово и тетовско и по нивната смрт примале паричен надоместок за помош и нега од друго лице

Мнистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски инмформираше дека по претходно добиени сознанија и докази за злоупотреби и незаконитости во работењето продолжила праксата за вршење на редовни и вонредни контроли врз Центрите за социјална работа. 

Повеќе

22.11.2016

Реакција на министерката Ташевска-Ременски на оддржаната прес-конференцијата на Живко Митревски

Почитувани, 

Министерството за труд и социјална политика согласно со своите институционални надлежности има законска обврска да го воспоставува и негува социјалниот дијалог.

Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите.

Повеќе

21.11.216

„Место за сите има - Еднакви под сонцето“

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и претседателот на невладината организација „НВО Детски свет-Нов почеток“ Суарет Алишан потпишаа Меморандум за соработка. Потпишувањето на Меморандумот е во рамките на настанот организиран од невладините организации “НВО Детски свет- Нов почеток” и “Светот на дланка” кои имаат за цел да ја укажат еднаквоста кај лицата со и без сетилна попреченост со пораката „Место за сите има - Еднакви под сонцето“. 

Повеќе

21.11.2016

Ташевска-Ременски до пензионерите: ,,Доколку со десната рака Ви беше дадено, колку Ви беше одземено со левата рака?“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите се обрати до сите пензионери во Република Македонија во врска со најавеното покачување на пензиите за 5 % прашувајќи ги дали знаат колку всушност реално им беше одземено. 

Повеќе

20.11.2016

Реакција во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се обвинува за злоупотреба на службени возила на Кабинетот на Ташевска-Ременски 

Почитувани,

Во обид да се покрие срамот од долгогодишната злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, очајно се прибегнува во барање виновници каде што нема.

Наташа Методијева од кабинетот на министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски и Боби Стефковски од кабинетот на дополнителниот заменик за труд и социјална политика  Диме Спасов имаа истоветно решение за користење на службено возило.

Повеќе

18.11.2016

Во пресрет на Меѓународниот ден на детето Кампања „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски присуствуваше на регионалната кампања „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“ во организација на Здружението за заштита на правата на детето по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на детето.

Повеќе

18.11.2016

Ташевска-Ременски на одбележувањето на 15 години од формирањето на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски присуствуваше на свечената седница по повод 15 години од формирањето на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија.


Повеќе

17.11.2016

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека: „Ташевска-Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост“

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика објавените  текстови по втор пат оваа година ги смета за уште една партиски осмислена груба лага и манипулација со најранливата категорија на лица во Република Македонија – лицата со попреченост.

Министерката Ташевска-Ременски, ниту попречила проекти на МТСП во интерес на граѓаните на Република Македонија, а најмалку на децата со попреченост. Напротив, прави максимални напори тие дословно да се реализираат и да престане партиската пропаганда со лицата со попреченост и нивна злоупотреба во цели кои се во интерес на грст манипулатори.

Повеќе
16.11.2016

Реакција на министерката Ташевска-Ременски на текстот под наслов „Ременски не присуствувала на над 50 владини седници” објавен на интернет порталот Курир и преземен од други портали

Почитувани, 

Во неможност да најдат оправдување за погрешните политики кои години наназад ги осиромашија граѓаните и ги иселија младите од Република Македонија, партискиот портал Курир продолжува со небулозните обвинувања без грам аргументи.

Во последниот обид за манипулација со јавноста, покажуваат елементарно непознавање на надлежностите на министерот и неговите права што можат да бидат пренесени на заменикот министер.

Покрај тоа што не знаеле да избројат колку седници одржала Владата на Република Македонија и комисиите, на колку присуствувала или не присуствувала министерката Ташевска-Ременски, тие не знаат дека, пополнувањето на кворум на седница на Владата на РМ не е вистинската грижа за потребата на граѓаните, туку согледување на проблемите на терен, помеѓу граѓаните.

Повеќе

16.11.2016

Реакција на МТСП на изјавата на министерот за финансии Кирил Миноски во врска со декемвриското покачување на пензиите за 5%

Почитувани,

Продолжува политичкото лицемерие на власта кон пензионерите !

Без да им се каже вистината министерот за финансии Кирил Миноски на средби со пензионерите покачувањето на декемвриската пензија од 5% го прикажува како партиски подарок за пензионерите.

Но, заборава да им каже на пензионерите дека со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го направија во октомври 2015 година, токму тие ја ставија вон сила законската одредба и обврска на државата за задолжително усогласување на пензиите два пати во годината - на 1 јануари и 1 јули во 2016 година.

Повеќе

15.11.2016

Важно за корисниците на правата од социјална заштита: Годишната обнова на правата ќе започне на 19.12.2016 и ќе трае до 27.01.2017 година 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски информираше дека постапката за обнова на правата од социјална и детска заштита за 2016 година, наместо во вообичаениот термин-ноември, годинава заради изборните активности ќе започне во втората половина на декевмри поточно на 19.12.2016 година и ќе трае до 27.01.2017 година. 

Повеќе

15.11.206

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Министерството за труд и социјална политика и УНДП

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска Ременски и Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) г-ѓа Луиза Винтон, на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации. 

Повеќе

14.11.2016

Ташевска-Ременски: ,,Она што НССРМ го нарекува притисок е контрола врз нивната работа за која согласно со Закон  МТСП има надлежност”   

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски во целост ги отфрли континуираните обвинувања од страна на Националниот сојузот на слепите лица на Република Македонија (НССРМ) дека им се врши притисок и уште еднаш пред јавноста објасни дека она што Националниот сојуз го смета за притисок е всушност само барање за постапување доставено од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. 

Повеќе

11.11.2016

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МТСП и ФИНКИ   

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжењерство проф. д-р Иван Чорбев потпишаа Меморандум за соработка. Целта на потпишувањето на овој Меморандум е меѓусебна и ефикасна соработка која ќе придонесе за унапредување како на практичната работа на студентите, така и на корисниците на услуги од областа на социјалната заштита со што ќе се отвори можност за ангажирање на кадарот и опремата на ФИНКИ за едукација на специфични целни групи. 

Повеќе

11.11.2016

Реакција на МТСП во врска со обвинувањата на НССРМ 

Министерството за труд и социјална политика согласно со своите надлежности кои произлегуваат од Законот за инвалидски организации и согласно со обврската и правото за надзор над финансиското работење на Националниот сојузот на слепите лица на Република Македонија (НССРМ), постапува по неколку иницијативи на општинските здруженија на НССРМ и по 4 ургенции на Државната комисија за спречување на корупција, заради отворен предмет за злоупотреба на финансиски средства, нестатутарно работење и други неправилности.

Повеќе

10.11.2016

Реакција на обвинувањата на МТСП на објавите под наслов „Националниот сојуз на слепи обвинува за притисоци од министерката Ташевска-Ременски“


Државната комисија за спречување на корупцијата со Допис бр. 12-2073/1 од 21.08.2015 година, Допис бр. 12-1475/1 од 15.04.2016 година и Допис бр. 12-1475/2 од 07.10.2016 година до Министерството за труд и социјална политика како орган надлежен за надзор над примената на Закон за инвалидски организации, достави барања/ургенции за ИТНО постапување на Министерството по пријава/предмет по кој постапува ДКСК за злоупотреба на финансиските средства на Сојузот, скратувајќи ја помошта на државата за членовите на Сојузот, суспендирање на органите на Сојузот и други видови незаконитости.

Повеќе

10.11.2016

Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Спасови од Куманово

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети петчленото семејство Спасови од Кумановската населба Карпош. 

Повеќе

9.11.2016

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МТСП и Неформална ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и претставниците на Неформалната ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Повеќе

3.11.2016

Ташевска–Ременски ги прими танчерите од студиото ,,Dancerc United MK” кои освоија шесто место на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски прими делегација од танчерската група ,,Dancers United MK” која неодамна беше на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби што се одржа во Грац, Австрија.

Повеќе

1.11.2016

Средба на Ташевска-Ременски со амабасадорот на Шведска Матс Стафансон

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со амабасадорот на Шведска, Матс Стафансон и заменик шефот на Мисијата на Амбасадата на Шведска, Антон Иреквист.

Повеќе

1.11.2016

Ташевска-Ременски: ,,Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување”

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста храбро да одговорат за секоја нивна постапка.

Повеќе