31.10.2016

Министерката Ташевска-Ременски го повика Диме Спасов да се повлече од политичката функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика

Mинистерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски поради сериозно нарушување на угледот на Министерството за труд и социјална политика јавно го повикува дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов да се повлече од политичката функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, од причини што постапил неодговорно за функцијата што ја извршува. Ова свое барање таа го поткрепи со неколку аргументи.

Повеќе

29.10.2016

Синдикалните организации да бидат двигатели на промените во општеството 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на првиот конгрес на Независниот академски синдикат. При тоа таа се осврна на важноста на независното функционирање на синдикатите, времетраењето и постапката за регистрација на синдикатите кои во минатото траеле и повеќе години, како и поддршката која што Министерството за труд и социјална политика ја дава во овој период во поглед на сидникалното организирање и унапредување на работничките права.

Повеќе

27.10.2016

Средба на Ташевска-Ременски со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Ingibjorg Solrun Gisladottir. 

Повеќе

26.10.2016

Тркалезна маса посветена на родово-релевантни мерки и буџети на локално ниво

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на тркалезната маса посветена на родово-релевантните мерки и буџети на локално ниво, а во знак на одбележување на меѓународниот ден на жените од руралните средини кој беше на 15 октомври.       

Повеќе

25.10.2016

Прв круг на преговори за склучување на Договор меѓу Република Македонија и Руската Федерација за социјална сигурност

Во периодот од 18 до 20 октомври 2016 година во Москва, Русија, се одржа прв круг на преговори меѓу македонски и руски експерти за склучување на Договор меѓу Република Македонија и Руската Федерација за социјална сигурност.

Повеќе

18.10.2016

Ташевска–Ременски ги испрати танчерите од студиото ,,Dancers United MK” на светско првенство во модерни танци за лица со посебни потреби

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски  присуствуваше на последната генерална проба на танчерската група ,,Dancers United MK”  пред нивното поаѓање на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби што ќе се одржи во Грац, Австрија, од 19-23 октомври.

Повеќе

18.10.2016

Мирното решавање на работните спорови пред предизвик

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Антонио Грациози се обратија на Регионалната конференција посветена на ефективните механизми за мирно решавање на работните спорови. Конференцијата се организира во рамки на проектот ,,Унапредување на социјалниот дијалог”, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.  

Повеќе

17.10.2016

Министерката Ташевска-Ременски посети деветчлено семејство

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски заедно со претседателката на здружението ,,Проект Среќа “ Кристина Арнаудова беа во посета на деветчлено семејство кое се наоѓа во социјален ризик.

Повеќе

17.10.2016

Потребна е севкупна и нелицемерна борба против сиромаштијата, вистинска грижа за вистинските потреби

,,Вистинска грижа за вистинските потреби за граѓаните! Не се доволни само проекти, туку севкупна борба против сиромаштијата која треба да биде безрезервна и нелицемерна. Потребно е формирање на државна банка на храна за да може да се обезбеди сигурно снабдување со најпотребните производи за децата, за бездомниците, за семејствата коишто живеат на прагот на сиромаштијата”, потенцираше министерката за труд и социјална политика д-р Фосина Ташевска-Ременски на денешната прес конфернеција по повод 17-ти октомври, Меѓународниот ден на борба против сиромаштија, во организација на општина Центар и Здружението Проект Среќа. 

Повеќе

10.10.2016

Средба на Ташевска-Ременски и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Европска унија во Република Македонија Самуел Жбогар.

Повеќе

10.10.2016

Средба на Ташевска-Ременски со амбасадорот на Франција Тимоние

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

Повеќе

7.10.2016

Министерката Ташевска-Ременски со апел до граѓаните од поплавените подрачја коишто се во социјален ризик и не побарале помош од подрачната единица на МЦСР - Скопје и МТСП да го направат тоа веднаш

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети населените места во Синѓелиќ и Економија коишто беа зафатени од поплавите при што разговараше со лица коишто се во социјален ризик, а при тоа не се корисници на ниту едно право од социјалната заштита.  При тоа апелираше до сите граѓани од поплавените подрачја коишто се во социјален ризик, а не се обратиле или не побарале помош од надлежните институции тоа да го направат веднаш. Исто така ги посети и раселените лица од поплавените подрачја сместени во Државниот студентски дом ,,Томе Стефановски-Сениќ”.

Повеќе

6.10.2016

Ташевска-Ременски: Поголема одговорност во доменот на превенција, спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, и кривично гонење на сторителите

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Конференцијата на тема „Заштита и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство“ во организација на Националниот совет за родова рамноправност со поддршка на ЕУ, Цивика Мобилитас и UN Women.

Повеќе

4.10.2016

Министерката д-р Ташевска-Ременски и претседателот на НВО “Реактор-Истражување во акција” Дамјан Здравев: Само преку заедничка соработка и споделување на искуствата можеме да постигнеме повеќе

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и Платформата за родова еднаквост претставувана од претседателот на НВО “Реактор – Истражување во акција” Дамјан Здравев потпиша Меморандум за соработка.

Платформата за родова еднаквост која е мрежа од 21 организација, иницијативи и индивидуи, го потпиша Меморандумот за соработка во има на: 

Повеќе

3.10.2016

Министерката д-р Ташевска-Ременски и деканот на Филозофскиот факултет – Скопје проф. д-р Горан Ајдински потпишаа Меморандум за соработка

Денеска (3.10.2016 година) министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ – Скопје, д-р Горан Ајдински. 

Повеќе