Јавен повик

Се повикуваат граѓаните на Република Македонија, почнувајќи од 18 август да поднесат барање за отпишување на долговите настанати до 31.12.2013 година, за:

  • кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците;
  • електрична енергија кон ЕВН;
  • топлинска енергија кон Топлификација;
  • радиодифузна такса кон МРТВ.

Долговите кои се отпишуваат треба да бидат неплатени подолго од 12 месеци и да е започната постапка за наплата.

Отпишување на долговите можете да побарате ако сте:

  • корисник на социјална парична помош или
  • корисник на постојана парична помош или
  • невработен подолго од 12 месеци, а доколку сте во брак и Вашиот брачен другар да е невработен,

и притоа:     

  • сте пријавени во Агенција за вработување на РМ и активно барате работа,  
  • заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и  
  • не поседувате друг имот освен оној во кој живеете, или  
  • лице кое западнало во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест, или поради инвалидитет или болест на брачниот другар или смрт на брачниот другар и не сте можеле да ги плаќате долговите.

Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни и церебрално васкуларни заболувања. Услов е:

  • инвалидитетот, болеста или смртта да настанала во периодот од 1 јануари 2009 година до 31 декември 2013 година,
  • во 2013 година заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари и 
  • заедно со брачниот другар не поседувате друг имот освен оној во кој живеете.

Ако сте лице од некоја од наведените категории, почнувајќи од 18-ти август одете во Центарот за социјална работа во местото кадешто живеете и поднесете барање за отпис на долговите. Со Вас задолжително треба да ги имате следните документи:

  • копија од Вашата лична карта, а ако сте во брак и од личната карта на брачниот другар;
  • извод од матична книга на венчани и 
  • писмена согласност од Вас и од Вашиот брачен другар (доколку сте во брак) за обезбедување податоци за вашиот статус и долг од надлежните институции и доверителите.

Образецот за писмената согласност ќе ви биде даден во Центарот за социјална работа.

Исто така, зависно од причината поради која барате отпис на долговите, треба да ги имате и овие документи:

  • ако сте лице кое поради смрт на брачниот другар не може да ги плаќа долговите, задолжително доставете извод од матична книга на умрени за брачниот другар;
  • ако сте лице со потешко заболување или потешка болест на брачниот другар, задолжително доставете медицинска документација од која може да се утврди дијагнозата и датумот кога е дијагностицирана болеста;
  • ако Вашиот долг е за искористена електрична или топлинска енергија, задолжително доставете копија од последната фактура/сметка за електрична или топлинска енергија.


Искористете ја можноста за еднократен отпис на Вашите долгови.

ВЛАДА НА РЕПУБЛКА МАКЕДОНИЈА 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }